Првите руски воени единици навлегоа во Киев, соопшти украинското Министерство за одбрана.
Руски „саботери“ веќе бие забележани во областа Оболон на север во главниот град, објави Министерството преку Фејсбук. Информацијата се уште не е потврдена од независни извори. Во моментот таму се водат борби.
Министерството упати повик до локалното население да подготви Молотови коктели за да дејствува доколку има потреба ксако и да пријави до надлежните какво било прусуство на руска воена техника.
Истовремено се повикува населението да не ги напушта своите домови, стои во соопштението од Министерството.
Руски оклопни возила во Киев, властите им порачаа на граѓаните да спремаат молотови коктели
Извршниот директор на истражувачката страница Bellingcat, Кристо Грозев, објави снимка од истрели од огнено оружје во предградијата на Киев.
Украинското Министерство за одбрана ги повика граѓаните да останат во своите домови и да подготвуваат молотови коктели. Населбата во која се водат борбите е на девет километри од центарот на Киев. Украинската армија претходно објави дека борбите против колоните руски оклопни возила се водат во Димер и Иванкив, предградија на Киев.
На социјалните мрежи се појавија снимки од руски оклопни возила на улиците на Киев. На снимка што ја објави на Твитер Александр Херберт, се гледа како оклопно возило минува преку цивилен автомобил. Според Би-би-си, тоа е во областа Оболон.
An armed #Russia‘s vehicle ran over a civilian car just on the streets of Obolon district in Kyiv.#Ukraine pic.twitter.com/JgbshmBEhN
— Alexander Khrebet/Олександр Хребет (@AlexKhrebet) February 25, 2022
Оружени престрелки се водат во близина на управниот центар на главниот украински град Киев.
Населението во градот е во скривиници, засолништа поради постојаните огласувања на сирените за можни напади од воздух.
Uкраинските одбранбени сили ги повикаа сите цивили да се приклучат во одбрана, независно од возраста.
Во соопштението што му се препишува на командантот, Јуриј Галушкин, стои:
„Денес на Украина и треба сè. Сите процедури за приклучување се поедноставени.
„Понесете само пасош и матичен број“.
„Нема ограничувања за возраста.“.
Д.М.