Украинците кои живеат и работат во Северна Македонија, но и граѓанки и граѓани, активист(к)и и неколку политичар(к)и кои ја поддржуваат иницијативата, денеска учествуваа на мирен протестен марш од плоштадот Македонија до Руската амбасада во Скопје.
Пред амбасадата на Руската Федерација во Скопје тие скандираа „Путин – фашист“ во знак на протест против руската инвазија на нивната татковина која започна вчера.
Со украински знамиња и пораки „Бидете смирени и сакајте ја Украина“ од Скопје се упати порака до Русија да ја прекине војната.
Дехран Муратов
фотографија: Драган Мишев
камера: Ариан Мехмети, Дехран Муратов