• Latest

Зеленски до Русите: Заедно се боревме со последиците од катастрофата во Чернобил во 1986 година, кажете и на вашата влада дека сакате да живеете во земја без радиоактивна контаминација

March 4, 2022

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски до Русите: Заедно се боревме со последиците од катастрофата во Чернобил во 1986 година, кажете и на вашата влада дека сакате да живеете во земја без радиоактивна контаминација

March 4, 2022 12:18
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски им се обрати на граѓаните на Русија по синоќешното гранатирање на нуклеарната централа Запорожје од страна на руската армија, и им порача дека треба да им кажат на своите власти дека сакаат да живеат во земја без радиоактивна контаминација.

Според шефот на украинската држава, како што пренесе Интерфакс Украина, нападот на руската армија врз нуклеарната централа Запорожје можел да ја запре историјата.

– Руските трупи ја нападнаа нуклеарната централа Запорожје. Најголемата во Европа. Само таа може да биде како шест Чeрнобили. Руските тенкови знаеја што гранатираат. Директно пукаа врз централата. Ова е терор од невидено ниво … Руската војска целосно го збриша споменот на Чернобил.

Руски народе, како може ова да се случува? Заедно се боревме со последиците од катастрофата во Чернобил во 1986 година. Мора да се сеќавате на пепелот распрскан по експлозијата. На жртвите. Мора да се сеќавате на сјајот над уништената енергетска единица. Мора да се сеќавате на евакуацијата од Припијат и зоната од 30 километри. Како можете да заборавите? А ако не сте заборавиле, не можете да молчите. Морате да им кажете на своите власти, да излезете на улица и да кажете дека сакате да живеете. Да живеете во земја без радиоактивна контаминација. Радијацијата не знае каде е границата на Русија, подвлече Зеленски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ