• Latest

Вистиномер: Видео дезинформира дека припадници на Азов баталјонот палат руски војници на крст

March 7, 2022

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
Илустрација: ВИ

Црна Гора на чекор до ЕУ: 2028 како цел, Хрватска како главна пречка

November 4, 2026

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Видео дезинформира дека припадници на Азов баталјонот палат руски војници на крст

March 7, 2022 13:17
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДИСКУРС
Share on FacebookShare on Twitter

Нема докази дека војници од Азов палат руски војници живи на крст, а видеото кое кружи на Интернет е старо седум години и не е поврзано со руската инвазија на Украина, пишува Вистиномер.мк.

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува текст од портал, со наслов: „Фашистите од украински Азов ги палат руските војници живи на крст, и откако ќе ги распнат ги колат и им пукаат во глава“, пишува Вистиномер. 

Некои пријатели ми пратија снимки од егзекуции на руски војници во режија на украинскиот нацистички баталјон Азов. Палење живи на крст, откако ќе ги распнат. Колење. Пукање во глава.
Лепота. Секако дека нема да ги објавам. Ова чисто да знаете што мислеше Путин кога велеше денацификација на Украина. А да знаат и патетичнине первертити во Брисел кога зборуваат за Хаг и воени злосторства. Оти Русите ќе им отидат со овие снимки, се вели во написот.

Текстот е објавен на 1 март 2022 година, откако е почната руската инвазија во Украина.

За таков настан каков што се опишува во текстот, веќе имаат пишувано проверувачи на факти од странство. Фотографиите коишто ги споделуваат може да се погледнат на следниот линк. 

Исто како и во постот што го рецензираме, и во нивните видеоматеријали и фотографии се тврди дека украински војници на крст распнале руски војник, дека го запалиле жив, а сето тоа се доведува во корелација со баталјонот Азов.

Меѓутоа, видеото кружи на социјалните мрежи од 2015 година, така што овие постови се дезинформација. Тврдењата дека баталјонот Азов распнал на крст и запалил војници од Донбас, на социјалните мрежи се шират од 2015 година, иако не постојат никакви докази за тие тврдења. Претставници на баталјонот негираат поврзаност со видеото.

Баталјонот Азов во одговор на видеото истакна дека тоа служи за да ги дискредитира и дека е пример на информациската војна против Украина. Според нив, униформите на војниците во видеото се разликуваат од оние на баталјонот Азов, зашто ознаката на рамото е многу поголема отколку што треба да биде. Исто така, посочуваат дека лицето кога е кренато на крстот, не пушта глас, а видеото од нејасни причини престанува наскоро откако огнот е запален без никакво објаснување.

Во Фејсбук објава од Азов баталјонот, тие посочија и дека украинскиот јазик на кој зборуваат војниците во видеото не е течен.

За Азов има дезинформации на интернет и дека се вклучени во бесења но, според проверувачи на факти од Украина, видеото кое прикажува бесење на две лица е монтирано.

Не е првпат баталјонот Азов да биде мета на лаги. Во 2014 година се прошири фотографија на која наводно беа претставени регрутациите за овој баталјон. На фотографијата имаше лице со нацистички симболи истетовирани на него. Проверувачи на факти веќе утврдија дека човекот нема никаква поврзаност со баталјонот Азов а фотографијата е монтажа.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека нема докази дека војници од Азов палат руски војници живи на крст, а видеото на Интернет кружи од 2015 година и не е поврзано со руската инвазија на Украина која почна на 24 февруари 2022 година.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ