• Latest

Вистиномер: Видео од телевизиска серија е злоупотребено против украинскиот претседател Зеленски

March 7, 2022

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
Фото: sec.mk

ДИК: Излезеноста до 11 часот е 9,21 проценти, најголем е одзивот во Пробиштип со 22 отсто, најмала во Сарај – 1,86 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео објавено од министерот за одбрана Пит Хегсет на Х, на која се прикажани два брода кратко пред да бидат погодени од ракета, во Источниот Пацифик на 27 октомври 2025 година.

САД нападнаа уште еден наводен брод за трговија со дрога во Карибите, при што загинаа 3 лица

November 2, 2025
Скриншот од видео на
The White House

Трамп му нареди на Пентагон да „се подготви за можна акција“ во Нигерија

November 2, 2025

МВР: 10 пријави и 19 објави на социјалните мрежи за прекршување на изборниот молк

November 2, 2025
Скриншот од видео на
RTBF Info

Дронови забележани над воена база во Белгија по втор пат за 24 часа

November 2, 2025

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Видео од телевизиска серија е злоупотребено против украинскиот претседател Зеленски

March 7, 2022 20:12
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФО, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Видеото, кое е споделено и за кое се вели дека е од претседателска кампања на Зеленски, е, всушност, од телевизиска серија во која тој бил глумец, четири години пред да стане претседател. Видеото нема поврзаност со реалноста на политичките избори во Украина за претседател и истото не било користено во претседателската кампања, пишува Вистиномер.мк.

Рецензираме пост објавен на Фејсбук, во кој е прикажано видео од украинскиот претседател Володомир Зеленски. Во објавата се тврди:

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УКРАИНА, ЗЕЛЕНСКИ (ИДЕОЛОШКИОТ НАСЛЕДНИК НА НАЦИСТОТ СТЕПАН БАНДЕРА), ПРЕД НЕКОЛКУ ГОДИНИ, ГО СНИМИЛ ОВОЈ ВИДЕО СПОТ ЗА ДА ГО ИСКОРИСТИ ВО СВОЈАТА ПРЕТСЕДАТЕЛСКА КАМПАЊА, ВЕЛЕЈЌИ ДЕКА ЌЕ СЕ ОСЛОБОДИ ОД ПРОРУСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ.

На видеото се гледа како Зеленски е во сала, која наликува и може да биде парламентарна сала, оди до лицето за обезбедување, зема два пиштола, ги вперува кон пратениците и пука додека не ги убие сите.

За ова видео се тврди дека било потоа употребено во претседателската кампања на Зеленски и дека тој во неа велел дека ќе се ослободи од проруските политичари. Меѓутоа, ова е дезинформација, а видеото потекнува од серија во која глумел Володомир Зеленски, кој, пред да стане претседател, професионално се занимавал со актерство.

Серијата се вика „Слуга народа“ и во неа Зеленски глуми во улога на претседател. Во втората епизода од оваа популарна украинска серија, од 4 минута и 40 секунда, може да се види исечениот и погрешно контекстуализиран дел од видеото, кој е употребен во постот што го рецензираме.

Станува збор за серија од 2017 година, за која на Википедија е наведено дека е украинска политичко-сатирична хумористична телевизиска серија, која премиерно се емитувала од 16 октомври 2015 година.

Во серијата Зеленски портретира професор во средно училиште, кој е заситен од корумпирани политичари и случајно станува претседател. За четири години Зеленски и во реалноста станува претседател на Украина, на 21 април 2019 година. Но, овој инсерт од серијата нема никаква врска со неговата претседателска кампања и никаде не се спомнува дека бил употребен во неа. И тоа особено не во контекст дека „ќе се ослободи од проруските политичари.“ Напротив, неговиот против-кандидат Петро Порошенко, тогашниот актуелен претседател на Украина и неговите поддржувачи, го напаѓале Зеленски велејќи дека неговиот евентуален избор би бил од корист на Русија.

Особено е бесмислено тврдењето дека Зеленски е некаков „идеолошки наследник на нацистот Степан Бандера“. Како што стана нашироко познато деновиве, Зеленски има еврејско потекло, а во текот на неговиот мандат започна изградбата на меморијалот на 150-те илјади еврејски жртви од холокаустот во Баби Јар (за кој тукушто се дозна дека е гранатиран од руските сили).

Поради горенаведените факти, оценуваме дека споделениот пост, за чие видео се вели дека е од претседателска кампања на Зеленски, е всушност од телевизиска серија во која тој бил глумец. Видеото нема поврзаност со реалноста на политичките избори во Украина за претседател и истото не било користено во претседателската кампања. Покрај ова, текстот од постот содржи невистини, според кои Зеленски велел оти ќе се ослободи од проруските политичари, како и тврдењето дека е идеолошки насленик на Степан Бандера. Оттука, постот го оценуваме како невистинит.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ