Целосно сме задоволни со она што е постигнато во одредени сегменти на општественото живеење и во развојот на мислата, на разбивањето на стереотипите, пред сè меѓу нас самите, кај нашите партнери и во општеството и институциите во државата, изјави Савка Тодоровска од СОЖМ, на панелот на ЦИВИЛ „Еднаквост на жените: Длабока хибернација“.
„Ние жените на локално ниво ги бележиме потребите на жените, ги спроведуваме активностите, ја гледаме големата слика и стануваме ветер во грб на самите нас и на институциите кои треба да ги донесат законите и да ги спроведат во акција ситео ние барања за коишто треба да се постигне рамноправност мѓу жените и мажите во нашето општество на сите нивоа.
Не можеме да бегаме од една реалност дека сите позции на жената се по партиска линија, освен нели во семејството. Тоа не можеме да го измениме, но можеме да влијаеме на жените во политиката да бидат активни, да бидат вредни, да не бидат „скромни“, да се поставуваат, да бараат да лобираат за позиции коишто сметаат дека можат да ги заземат.“, посочи меѓу другото Тодоровска.
Камера: Дехран Муратов
Фотографија: Горан Наумовски
Реализација и монтажа: Ариан Мехмети