Мене ми се допаѓа Меѓународниот ден на жената, но она што недоставува е токму тој меѓународен аспект на солидарноста, каде што ќе излеземе од границите на нашата држава, во границите на тоа која жена заслужува да биде заштитена, која заслужува да добие внимание и права, изјави Мерсиха Смаиловиќ од Легис, на панелот „Еднаквост на жените: Длабока хибернација“.
Многу ми е драго што ЦИВИЛ како простор е секогаш тука за нас, посебно за мене да можам да се изразам дали преку пиашниот збор, дали преку дебати и силно да го кренам гласот за една од најраниливите категорија на жени во нашата држава, тоа се жените мигрантки и бегалки.
Меѓународниот ден на жената значи да се излезе од границите на тоа што ние го сфаќаме. Еднаш во колумна објавена на ЦИВИЛ напишав дека феминизмот не припаѓа само на белата жена и дека другите жени го немаат истиот пристап, ниту можност за еднаква, силна, борба каква што е за нас… Жената бегалка во Македонија е постојано настрана од рефлекторите“, додаде меѓу другото Смаиловиќ.
Камера: Дехран Муратов
Фотографија: Горан Наумовски
Реализација и монтажа: Ариан Мехмети