• Latest

Лага е тврдењето на Русија дека породилиштето во Мариупол било камп за радикали, категоричен е Зеленски

March 10, 2022
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Лага е тврдењето на Русија дека породилиштето во Мариупол било камп за радикали, категоричен е Зеленски

March 10, 2022 18:35
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска категорично ги отфрли руските наводи дека ултрарадикални борци биле стационирани во породилиште во Мариупол.

Болницата во украинскиот пристанишен град вчера беше бомбардирана, веројатно од воздух, а рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска рече дека таму немало медицински персонал, туку бил камп за радикали.

– Русите излажаа (на ТВ) за фактот дека наводно нема пациенти во болницата и дека нема жени и деца во породилиштето, рече Зеленски во видео порака. Сето тоа беше „лага“, додаде тој, велејќи дека тројца цивили биле убиени, а 17 повредени во рускиот напад врз објектот.

„Пропагандистите“ на руската телевизија ќе одговараат, додаде тој, откако ја обвини Русија и за попречување на обидите за поставување хуманитарни коридори од Мариупол.

„Руските трупи веќе создадоа хуманитарна катастрофа во Украина“, рече тој.

Претходно денеска, Лавров од Анталија оцени дека се „лажни“ наводите за руски напад врз породилиштето во украинскиот град Мариупол. Тој рече дека Русија веќе ги информирала Обединетите нации дека во поранешната болница воопшто немало медицински персонал, туку оти објектот бил претворен во камп на ултрарадикални борци од украинскиот баталјон „Азов“.

ЕУ најостро го осуди бомбардирањето на породилиштето во Мариупол, порача на Твитер шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

-Мариупол е под опсада. Бомбардирањето од страна на Русија на породилиштето е грозоморно воено злосторство. Воздушните напади врз станбени области и блокирањето на конвои за помош од страна на руските сили мораат веднаш да прекинат. Потребен е безбеден пристап, сега, напиша на Твитер високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

Обединетите нации и Светската здравствена организација повикаа на „итно прекинување на нападите врз болниците, здравствените работници, амбулантните возила“ во Украина.

„Тие не смеат никогаш да бидат цели на напади“, изјави пред медиумите портпаролот на ОН, Стефан Дужарик.

Дужарик додаде дека ОН ги следат деталите за пријавениот напад врз детска болница и породилиште во градот Мариупол, каде што се пријавени најмалку 17 повредени.

СЗО досега потврди најмалку 18 различни напади врз здравствени установи од почетокот на рускиот напад врз Украина, при што се убиени десет, а се повредени 16 лица.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ