• Latest
Фото: People cross on an improvised path under a bridge that was destroyed by a Russian airstrike, while fleeing the town of Irpin, near Kyiv. (Vadim Ghirda/AP)

Одново се поделивме бидејќи веќе бевме поделени

March 14, 2022
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Одново се поделивме бидејќи веќе бевме поделени

Чудно е како сите оние сцени на бесот и разулавеноста на богот Марс во Украина се уште ја одржуваат силната пропутиновска духовна зависност на дел од обичниот народ и на значаен дел од т.н. интелектуалци во земјава? Се одвива ли паралелна војна меѓу два света во форма на пресметка, засега вербална, меѓу приврзаниците на автократијата и тиранијата на Истокот со западните политички вредности? Да не заборавиме - немаме примери да има војни меѓу демократски држави. Треба барем една од завојуваните да е синоним на самовластие.

March 14, 2022 12:06
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фото: People cross on an improvised path under a bridge that was destroyed by a Russian airstrike, while fleeing the town of Irpin, near Kyiv. (Vadim Ghirda/AP)

Фото: People cross on an improvised path under a bridge that was destroyed by a Russian airstrike, while fleeing the town of Irpin, near Kyiv. (Vadim Ghirda/AP)

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Се сеќавам дека како дете моите родители седеа околу радиото навечер, барајќи ги двете важни станици кои даваа програма на ултра куси бранови, односно имаа голем досег – „Гласот на Америка“, со уредникот Гога Златопер и „Гаварит Масква“. Повод – кубанската криза, кога светот навистина беше соочен со нуклеарна војна и кога во еден миг неколку морски милји ги делеа советските бродови со многу опасен товар од американските воени бродови кои правеа карантин околу Кастровата Куба (намерно се користеше изразот карантин а не блокада, бидејќи, блокада беше термин кој дозволува контра-мерка односно поведување на оправдана војна!). Факт е дека во тие октомвриски денови и ноќи во 1962 година сепак имаше барем „зрно сол“ (cum grano salis би рекле старите Латини) па во заднината на вестите течеа преговорите меѓу Боби Кенеди, братот на претседателот на САД и советскиот амбасадор во Вашингтон што вродија со „разумен компромис“ – ракетите со нуклеарни глави беа повлечени од Куба, Америка ги повлече своите од Турција, САД се обврза да не ја напаѓа Куба и ја повлече блокадата.

Генерали со помодрени лица

Оваа дигресија е нужно изведена од ситуацијата кога властодржецот Путин им соопштува на своите генерали, од зад мермерното лице полно со ботокс, дека треба да се спремат на користење на нуклеарното оружје. Имаше на таа средба, кога редица генерали седеа во полукруг, на обични столици, далеку од својот врховен командант, посинети лица на униформираните а може лесно да замислиме какви се слики на ужасот им се вртеа во главите. За таа ситуација малку е да се рече – „царскиот збор не се порекнува“.

– Имам впечаток дека СССР имаше дури подемократско уредено општество  отколку што е денес Русија – истакна неодамна професорот Малески во гостувањето на ТВ 24. – Човекот кој во Москва одлучува за војна и мир е денес осамен во однос на институциите во земјата. Во поранешното Политбиро на СССР имало полемики и разногласија по жестоки прашања – Хрушчов одлучи како што одлучи во кубанската криза, а потоа беше сменет од Брежњев.

Светот со право се возбуди, а главна задача на ЦИА, велат, во мигот е да донесе одговор дали Путин е во таква психичката нестабилност за да тој лесно го стисне прстот на копчето кое ќе значи старт на сеопштата катастрофа.

Оваа снимена ситуација со исплашените генерали е намерно пуштена во етерот за да го заплаши светот и да предизвика масовна психоза која би ја подигнала цената на самоволието зад кремлинските ѕидини, а не случајно и би го подигнало култот кон Путин на Балканот, Имено, нашата земја е несомнено поделено на симпатизери на една моќ – пропутинисти и на граѓани кои се гнасат од сето она што руската армија го прави во Украина еве веќе трета недела. Имаше на социјалните мрежи повици Путин „да фрлел една нуклеарка“ врз Украинците и да им „покаже“, како и такви повици пред камерите од наша колешка, која во рамки на здружението Родина, говореше за тоа дека противниците на Путин кај нас треба да се однесат со сточни вагони (асоцијација на превозот на нашите Евреи во Треблинка!) и да ги фрлат меѓу двете борбени линии, како некакви голораки робови во римските арени на смртта!

Демократската свест има скусен ареал

Она што е пострашно од ваквата фантазија е секако сознанието дека недоволниот степен на демократска свест во нашето општество има своја сериозна база во населението, кое меѓу другото и гласа на изборите, а дека тоа друштво си има своја поткрепа и во медиумите а располага и со свои орудија со кои манипулира со јавното мислење.

Она што ние споделуваме тука на Балканот како симпатија со Русија е една авторитарна традиција, практика во која никој нема „што да му мисли“; доволно е да се повинува на услови кога само поединецот е најумниот и е доволен да ги води сите работи во општеството.

Народот смета дека се’ што лошо ни се случува, мисли професорот Малески, треба да се припише на политичарите – затоа имаме криминал, корупција, несразмерно богатење, споро носење на одлуки и за тоа се обвинува демократијата. Не се цени ни слободата за сметка на критиката на демократијата. Таа фасцинација со цврсти личности кои ете наводно знаат како се води држава (Слободан Милошевиќ, Садам Хусеин а сега и Путин) е жилаво опстојувачка на овие балкански координати.

Заклучокот дека нашиот народ ги почитува силните лидери, но не и значи многу слободата има безброј примери. Се сеќавам на еден курир што го имавме на работа во раните 80-ти, кој жалеше за смртта на Јосип Броз со зборовите „порано ако имав проблем ќе пратев писмо до Дедиње и потоа ќе ми се средеа проблемите а сега немам кому да му пишам“. Ова е секако „софт“ варијанта на приврзаноста на „цврстата рака“, која одново не води кон прашањето колку е кревка позицијата на демократската свест, онаа која се борти за зацврстување на институциите, која пак, нели, не може да биде кусорочна акција. Бидејќи, наспроти таа активност, анти-демкоратската свест се претвора во контра-акција дури и кај поголемите партии! Да се сетиме како минатиот викенд жената дојдена од скопска Пинтија во Штип, на митинг на една десна партија, чекорејќи меѓу оние лица кои сметаат дека со тој чин на прошетка, евентуално  со сендвич и чај, станале многу битен чинител во општеството, потенцираше дека нивна цел како протестанти е „да ја уништат државата“. Нема сомнение дека таа во зборот држава ги сместува сите оние фактори кои создаваат среден политички амбиент, освен, се разбира, нејзината партија, која и овозможила неделна променада.

Прекршеното Пертнерство за мир

Поддржувачите на Путин кај нас често деновиве велат дека САД, односно НАТО, го прекршиле ветувањето дадено на Москва за неширење на Истокот. Но, кој што прекршува тука? Со договорот во Будимпешта, од 1994 година, на пример, кога независната Украина, но и член на Заедницата на независни држави (екс СССР) и ги врати сите нуклеарни глави на Русија (1.400 на број) со обврска дека токму Москва ќе биде гарант за нејзината независност и слобода. Јасно е како ден – тој договор Путин го прекрши. И не само кон Киев! Со војна беше одземен дел од Грузија (2009), поранешна членка на СССР. Слични дејствија имаше и кон малата Молдова, а Путин, иако обврзан кон членките од Договорот за колективна безбедност кој го потпиша и Ерменија, не ја бранеше неа во наметната војна со Азербејџан! Стратезите гледаат дека Путиновата цел се токму земјите кои излегуваат на Црното море. Таму има три членки на НАТО (Турција, Бугарија, Романија)  а целта на актуелната војна гледаме сега е – Украина, најкрупен „залак“ покрај веќе симнатите на земја Грузија, Молдавија и индиректно Ерменија!

Деновиве, како гостинка на Телма, ексминистерката за одбрана Шекеринска потсети дека по падот на Берлинскиот ѕид двете големи сили влегле во Партнерството за мир! И дека тоа е сојуз што имал своја перспектива. Да се потсетиме дека Партнерство за мир (ПзМ) е програма на НАТО насочена кон соработка и создавање на доверба помеѓу членките на НАТО и останатите земји од Европа и од поранешниот СССР. Македонија беше членка на ПзМ од 15 ноември 1995 година до 27 март 2020, кога стана членка на НАТО.

Партнерството е создадено во 1994 година а земјите членки имаа можност да влезат во НАТО преку одредени програми за кои беа заинтересирани. Во тие рамки на соработка Русија и даде логистичка поддршка на САД во инвазијата врз Авганистан во 2001 година, дури обезбеди и користење на еден аеродром во Киргистан  Па, Путин беше присутен на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година! Тоа е оној настан кога ние добивме грчко вето (!) за влез во НАТО, но таму влегоа Албанија и Хрватска, а Грузија и Украина добија само едно „мањана“. Во споменатата емисија (Вин-Вин) Шекеринска потсетува дека на Самитот во Букурешт во 2008 година Путин држел и говор во кој истакнал дека е целосно задоволен со одлуките на Самитот (!) освен со барањето на Украина и Грузија за кои рекол дека не се само безбедносни прашања. Русија во тоа време на силна соработка со САД  не дала вето во Советот за безбедност по многу битки прашања во кои САД се борат против тероризмот, а во Киргистан Американците имале добиено и воена база за користење зад што стоела како „жирант“ токму Москва!

Следната година по споменатиот Самит, Русија воено ја нападна Грузија!

Ако се гледа во тотал, јасно е дека Москва само се враќа кон границите кои ги имала империјална Русија. Како преку контрола врз дел од поранешните републики, сега независни држави (Белорусија е таков пример), така и преку обид за аншлус на цели независни држави како сега во војната против Украина. Своевремено, рускиот амбасадор во Скопје (2009 г.) јавно изрази задоволство дека македонскиот народ ја подржал воената акција против малата Грузија и ги оправдал целите (присвојувањето на територии). Уште тогаш, ама не толку забележливо, беше видливо дека нашиот народ ги сака „силните лидери“, но и дека Путин целосно ги напушта детантските патеки кои беа воспоставени меѓу големите сили!

Ама кој ќе мисли на такви „дребулии“ кои го валкаат ликот на борецот со мечки и тигри.

Кафеански одмерувања

Во опсегот на кафеанските докажувања за тоа дека воинствениот Путин само ги повторува потезите на Америка и НАТО и дека неговиот современ империјализам секако ја опфаќа и епизодата на бомбардирањето на Србија во 1999 година. Но, тоа не е изолирана епизода, туку само дел од војната која веќе траеше една деценија, а во која Србија направи многу злосторства против човештвото и го направи крвав болниот распад на југословенската федерација. Во тие настани, кои започнаа со тргањето на либералите во Србија од политичката сцена (некои со убиства како кај Иван Стамболиќ ), со поставувањето на целите на распадот на Југославија во САНУ и да скратиме – со војна во која отидоа 400 илјади животи и имаше милиони иселени лица низ светот, со масовни убиства како оние во Сребреница кога за четири дена се убиени над 7 илјади лица… Ова несомнено си имаше и свои одблесоци и во војната која настана на Косово. Екс – министерот за надворешни Малески, на пример, се сеќава на преговорите во Рамбуе (тие траеја 17 дена – н.з.) и беа неуспешни, иако светската елита предвидуваше останување на Косово во рамките на Србија а на Милошевиќ му се даваше улога на миротворец и му се гарантираше посебна позиција на Балканот, напати и со молење, но белградскиот лидер останал на своето. Дури потоа дојдоа бомбардерите, кои, секако, не може да се оправдуваат од аспект на осуда на секое насилство, но агресијата беше веќе присутна ма Балканот. Впрочем, кумановскиот договор со кој заврши бомбардирањето не го смени веднаш недемократскиот режим, туку имаше свои последици по нерегуларноста на изборите што следеа, а продолжи и со политичкото убиство на првиот проевропски премиер Ѓинѓиќ во Србија (2003), четирите обиди за убиство на лидерот на опозицијата Драшковиќ и со поставувањето на длабоки темели на едно антилиберално здание во нашето соседство. Да не се заборави како не малку лица во Скопје покажуваа злорадост кога беше погребуван Ѓинѓиќ, истите оние кои денес ја слават врската меѓу Белград и Москва, иако Москва реално никогаш не даде било каква цврста поткрепа на Балканот, освен што сакаше тука да создаде своја тампон-зона и долгорочен пазар за своите енергенти.

Во кафеанските полемики е присутен и примерот со Ирак. За ликот и делото на Хусеин можеби не треба да се полемизира многу. Но тој поведе војна со Иран и при тоа користеше отровни гасови! Потоа истите ги користеше во пресметка со својот внатрешен непријател – ненаоружените Курди, вечните страдалниците во геополитичките пресметки на Блискиот Исток. Забораваме ли дека Хусеин влезе во Кувајт, една богата, независна држава која ни на сон не можеше да му наштети на моќниот Ирак! Ги заборавивме ли тие слики пред се на насилства врз жените а кои станаа цел за себе, како некаков модел на „грабнување на Сабињанките“? Впрочем, интервенцијата на тогашниот претседател Буш Сениорот заврши на границата на Кувајт. Потоа следуваа нови провокации од Багдад , кој самиот се фалеше со тоа дека поседува „волшебно оружје“.

Од современите војни можеме лесно да извлечеме заклучок дека немаме практично судир меѓу демократски држави – тие не војуваат меѓу себе, како што вели проф. Малески. Ова важи и за актуелните собитија во Украина – јасно е дека нападнатате држава не е пример на демократска земја. Но е држава каде има избори, се сменија дузина претседатели, постојат партии кои се борат за превласт, има корупција секако ама во Русија има се само не промена на кормилото и тоа предолго. Неконтролираниот ум – сега гледаме – лесно се одлучува да ги покрене тенковите. Светот стравува и од нешто полошо – во Кремљ нема неој кој би го спречил тоа.


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ