• Latest

На руската активистка ѝ се закануваат 15 години затвор, неизбежна одговорноста за воените злосторства на руските војници, од полноќ нови, пониски, цени на горивата

March 15, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

На руската активистка ѝ се закануваат 15 години затвор, неизбежна одговорноста за воените злосторства на руските војници, од полноќ нови, пониски, цени на горивата

March 15, 2022 17:05
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

На новинарката Овсјаникова и се закануваат до 15 години затвор, адвокатите сеуште не знаат каде се наоѓа

Руското Државно обвинителство поведе предистражна постапка против новинарката Овсјаникова, која синоќа упадна во програмата на Првиот канал на руската телевизија со антивоен транспарент. Според неодамна усвоениот закон, на Овсјаникова и се заканува затворска казна до 15 години за ширење лажни вести за руски војници.

Овсјаникова веднаш по упадот во програмата е приведена, но и адвокатите не знаат каде се наоѓа таа.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Зеленски: Одговорноста за воените злосторства на руските војници е неизбежна

Одговорноста за воените злосторства за руските војници е неизбежна. Одговорноста за свесно создадената хуманитарна катастрофа во украинските градови е неизбежна. Целиот свет гледа што се случува во Мариупол, Харкив, Чернигив, Суми, Охтирка, Гостомел, Ирпен. Во сите наши градови. Сите наши партнери се информирани за злосторствата на окупаторите врз цивилите и локалната самоуправа во Херсонската и Запорожската област. Во привремено окупираните подрачја. За тоа ќе има одговор. Задолжително. За прекинатите хуманитарни коридори. Задолжително, изјави своето обраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Околу 2.000 приватни автомобили веќе го напуштија Мариупол, опкружен со руски напаѓачи, на 15 март, додека уште 2.000 автомобили се на излез од градот, објави на Телеграм Градскиот совет на Мариупол, пренесува Укринформ.

До денес наутро,  15 март, руските војници убиле 97 украински деца и раниле повеќе од 100, објави Канцеларијата на јавниот обвинител на Телеграм. Според податоците наистражителите за  малолетници, децата се најпогодени во регионите Киев, Харков, Донецк, Чернихив, Суми, Керсон, Миколаев и Житомир. Најмалку пет деца умираат од оган секој ден.

Рано утрово граната погоди 16-катна станбена зграда во областа Свијатошински во Киев. Зградата е значително уништена и избувнал пожар од 1 до 16 кат. Загинале две лица, уште 27 жители биле спасени, објави Државната служба за итни случаи на Украина на Фејсбук,

Се воведува забрана за движење во Киев без посебни пропусници од 20 часот денеска до седум часот на 17 март, објави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на својот Телеграм канал.

Околу 350.000 луѓе сè уште се заробени во Мариупол, кој е под опсада на руските сили од 1 март, соопштија локалните власти. Изминатите денови пропаднаа повеќе обиди за воспоставување безбедни коридори и евакуација на цивили од Мариупол. Голем конвој со хуманитарна помош што требаше да пристигне во недела сè уште не стигнал во градот.

ФЛЕШ ВЕСТИ

РЕГУЛАТОРНА По неколку часовни пресметки Регулаторната комисија за енергетика реши дека е создаден простор за надолна корекција на цените на горивата. Промената на цените на горивата ќе се случи во вечерните часови, а најверојатно ќе следи намалување на малопродажната цена. Новите цени ќе  важат од утре.

ИНТЕГРАЦИИ Германскиот министер за европски прашања Михаел Рот изјави дека ЕУ мора да ги забрза пристапните преговори со земјите од Западен Балкан, бидејќи во спротивно други земји, како Русија и Кина, ќе го искористат овој момент и ќе го пополнат вакумот, пренесува „Албаниан дејли њуз“,

БЕГАЛЦИ Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска пред Владата ќе ги презентира податоците добиени од државните институции за капацитетите за сместување на бегалци кои би дошле од Украина, но и плановите и задолженијата за сите институции кои би биле вклучени во процесот.

КРИЗА Во изминатиот период до Организацијата на потрошувачите на Македонија – ОПМ пристигнеле 2.600 поплаки, жалби и прашања од потрошувачите. Најголем дел од потрошувачите се жалеле на неисполнетите законски права, декларациите, цената што е различна со онаа на каса.

ЧОВЕКОВИ ПРАВА Руското обвинителство денеска побара 13 години затвор за опозицискиот лидер Алексеј Навални во случајот „измама“ и „навреда на судот“, пренесува МИА.Навални веќе отслужува затворска казна од две и пол години. Обвинителката Надежда Тихонова побара 13-годишна затворска казна, пренесоа руските новински агенции.

ВИСТИНОМЕР Нема докази дека украинската влада наредила уништување на патогени на антракс, колера и други заразни болести дента кога Путин изврши инвазија врз Украина. Исто така, не е вистина дека во Украина постојат лаборатории за производство на биолошко оружје финансирани од САД. Напротив, тамошните лаборатории се со цел да превенираат ширење на заразни болести и се дел од Развојна програма за намалување на ризиците и опасностите од болести; пишува „Вистиномер“.

АНТИКОРУПЦИЈА Непостоечка фирма во Скопје, со фалсификувани документи, фалсификувани ИСО сертификати, потписи, конкурирала и во периодот од 2018 до 2022 година има добиено најверојатно околу 90 тендери за монтажа и сервисирање лифтови, главно од јавни институции, кои давале буџетски средства. Ова е предмет што на денешната седница го образложи Владимир Георгиев, член на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) од каде ќе биде доставена иницијатива за кривично гонење во Основното јавно обвинителство во Скопје, како и предупредување известување до Владата, на седница да ги известат сите надлежни органи во постапките за лифтови доколку се појави таа фирма.

ГРАЃАНСКИ АКТИВНОСТИ

Во фокусот на ЦИВИЛ – „Мултикултурализам: Основа за развој, стабилност и почитување на човековите права и слободи“

ЦИВИЛ продолжува со серијата  онлајн настани насловени „Во Фокусот“, овој пат на тема „Мултикултурализам: Основа за развој, стабилност и почитување на човековите права и слободи“. Настанот ќе се одржи во четврток, 17 март, со почеток  во 13: 30 часот.

На панелот ќе се отворат прашања за еднаквата основа за развој во различни сфери и аспекти, како што е застапувањето, образованието, вработувањата и слично, како да се креира и да се задржи таа еднаква основа, врз која се гради стабилноста на едно општество во сите аспекти. Со еднаквата основа за развој се почитуваат и човековите права и слободи, и се негува мултикултурализмот  во нашето општество. Учесниците ќе имаат можност да дискутираат за сите овие прашања, онлајн или со физичко присуство, а настанот ќе биде емитуван во живо на онлајн каналите на ЦИВИЛ.

ДИСТРИКТ

Ризвановиќ: Во секоја варијанта на воениот расплет губитникот ќе е Русија

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио – интервју на Зоран Иванов со Сеад Ризвановиќ, новинар, уредник, аналитичар, експерт за регионални и геостратегиски воено безбедносни прашања.

Тој зборува за: Руската агресија врз Украина, целите и мотивите за неа, слабостите на руската војска и украинскиот отпор, однесувањето на Западот, прогнозите за епилогот на кризата и за уште по нешто во врска со темата.

ФОТО НА ДЕНОТ

Русинката Марина Овсијаникова со антивоена порака на руската државна телевизија на 14 март, 2022 година

Поддршка за Украина

Стинг со песната „Russians“ дава поддршка на иницијативата за помош на Украина: „Запрете ја војната“

Британскиот пејач Стинг објави видео на кое ја изведува својата песна „Russians“ од 1985 година. Песната се фокусира на нуклеарната анксиозност за време на Студената војна и изразува надеж дека САД и Советскиот Сојуз ќе најдат некакво единство пред да го уништат светот со нуклеарна војна.

За жал, оваа песна повторно е релевантна, а Стинг ја изведе како дел од иницијативата „Help Ukraine“ која испраќа лекови и хуманитарна помош до украинската граница со Полска каде има голем број бегалци.

 

СЛОБОДНА ЗОНА

Добро утро со Орданоски

Пфффкхахахааахаа! … Ах, бре, Ваша Екселенцијо амбасадорска, да пукнете, до солзи ме изнасмеавте! Неговата теза е дека Македонците, бидејќи сме производ на Коминтерната на Сталин и Тито, со самото наше постоење при влез во ЕУ би ги внеле диктаторскиот „дискурс“ на двајцава, што ќе го загрози демократскиот систем на европски вредности чиешто зачувување го штити Бугарија со ветото за нашата натамошна интеграција. Пфффкхахахааахаа!, пишува Сашо Орданоски во колумната „Магарешка работа на тројанските коњи“

 

Војо Маневски

Знам дека сум здодевен со ваквите напишани реченици, но си давам за право да го изразам својот револт врз салонските експерти, кои за среќа никогаш не почувствувале мирис на експлодирана бомба или оклопно возило, кое гори со оган во кој има бои на божилак и мирис кој не може да се опише. Во мојот јазик, колку и да е новокодифициран за среќа нема таков збор. Е, па, почитувани експерти, оваа е остатокот во мојата разнишана меморија за небиднината која ја нарекувате „воена операција“ или ја крстите со било кои други литерарни имиња.., пишува Војо Маневски во колумната „Војната нема разумен опис“

 

 

 

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ