• Latest

Петровска на вонреден НАТО состанок за идните чекори на Алијансата во руско-украинската војна

March 16, 2022
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Петровска на вонреден НАТО состанок за идните чекори на Алијансата во руско-украинската војна

March 16, 2022 12:37
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на вонредниот состанок на министри за одбрана на НАТО Алијансата, соопштуваат од кабинетот на министерката.

На денешниот вонреден состанок покрај министрите за одбрана на земјите членки на НАТО ќе учествуваат и министрите за одбрана на Украина, Грузија, Шведска, Финска и претставници на ЕУ. Ќе се дискутира за актуелната безбедносна состојба во Украина и поширокиот регион, за поддршката на Украина и на украинскиот народ, за заштита членките на НАТО, како и за зајакнување на одбранбените капацитети на источното крило на НАТО.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, порача дека мора НАТО да направи сѐ овој конфликт да не ескалира надвор од Украина.

-НАТО одговори на бруталната инвазија на Украина на единствен и брз начин, наметна строги санкции врз Русија, пружа значителна воена, финансиска и хуманитарна помош и ја засилува колективната одбрана со зајакнување на трупите и зголемена подготвеност, рече шефот на Алијансата.

Тој им се заблагодари на САД за нивната улога во зајакнувањето на колективната одбрана на Европа преку испраќање нови трупи.

Американскиот државен секретар за одбрана, Лојд Остин, од своја страна увери дека членот пет на НАТО е цврст и дека во случај на напад врз една земја членка на НАТО, ќе одговори целата Алијанса.

Во овој контекст на денешниот состанок земјите на НАТО ќе разговараат и за дронот кој падна во Загреб. Вчера Столтенберг порача дека ова беспилотно летало било невооружано, а НАТО членките чекаат да соберат повеќе детали за овој инцидент пред да одлучат како и дали ќе одговорат.

Велика Британија порача дека денеска ќе се разговара за полскиот предлог за испраќање на меѓународна мировна мисија во Украина, но дека претходно треба да се соберат сите детали за овој предлог. Естонскиот министер за одбрана од своја страна не ја исклучи оваа опција но нагласи дека за тоа ќе биде потребно зелено светло од Советот за безбедност на Обединетите Нации. Други земји членки сепак сметаат дека е рано за ваква мисија и дека е прво потребен прекин на огнот.

Сите 30 земји членки се согласни дека ќе продолжат да испраќаат оружје во Украина и ќе продолжат да и помагаат на сите можни начини, финансиски, хуманитарни или воени, истовремено засилувајќи го присуството и подготвеноста на Алијансата во источниот дел.

Конечно некои земји повторно на маса ќе го стават прашањето за забрана на летови над украинското небо, или no-fly zones (НФЗ). Оваа иницијатива нема поддршка од САД, ниту од повеќето големи земји членки на НАТО, но естонскиот министер за одбрана, Кале Ланет, не исклучи промена во ставовите.

-Има разни ставови на оваа тема, државите кои можат да вршат контрола врз НФЗ треба да дискутираат за ова, треба да најдеме консензус, рече тој и истакна дека во НАТО може брзо да се променат ставовите.

– Видовме колку бргу се менуваат одлуките, рече шефот на естонската одбрана, тоа значи дека никогаш не се знае колку брзо може да се промени одлуката за НФЗ.

Стравот во НАТО е дека доколку се прогласи зона на забрането летање, тоа ќе значи директна конфронтација меѓу НАТО и Русија и ризик од војна на целиот континент, хипотеза што Естонецот ја отфрли, но без повеќе детали.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ