Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров замина во претходно закажана посета на Кина и во тоа нема ништо необично. Кина и Русија имаат блиски односи и покрај актуелната војна во Украина, но необично е што авионот во кој беше рускиот министер за надворешни работи никогаш не пристигна во Пекинг, пренесува Слободен печат
Лавров синоќа заедно со бројна руската делегација замина во Пекинг каде се очекуваше да се сретне со кинеските претставници. Меѓутоа, како што пишува германски Билд, авионот на познатиот „Мистер Њет“ не слетал во Пекинг.
Споменатиот авион пред промената на курсот поминал околу 2.800 километри, а за вчерашните случувања никој засега не поседува точни информации.
Некои од опциите кои се споменуваат се дека Кина можеби одбила да го прими шефот на руската дипломатија, па дури и и дека директивата за враќање на Лавров била дадена лично од Владимир Путин.
Москва, наводно, побарала од Кина воена и економска помош во претходните денови, но официјални лица од двете земји одбија да ги потврдат овие наводи.
Во исто време, еден од кинеските официјални лица денеска првпат јасно зборуваше за војната во Украина и посочи дека Кина нема да и се приклучи на Русија во украинската војна .
„Кина никогаш нема да ја нападне Украина“, изјавил кинескиот амбасадор во Украина, додека останува неизвесно што се случило со авионот на Сергеј Лавров синоќа.