Кремљ одговори на одлуката на Меѓународниот кривичен суд на Обединетите нации за прекин на војната против Украина од страна на Русија. Тие одбија да го исполнат ова барање. Тоа го пренесува РБЦ-Украина повикувајќи се на руски „Интерфакс“.
„Не, не можеме да ја земеме предвид оваа одлука. Меѓународниот суд на правдата има такво нешто како „согласност на страните“. Овде не може да има договор. рече Дмитриј Песков прес-секретарот на претседателот на Руската Федерација.
Да потсетиме, на 16 март Меѓународниот суд на правдата во Хаг пресуди во случајот со руската војна против Украина. Судот и нареди на Руската Федерација веднаш да ја запре инвазијата на Украина. Наредбата е обврзувачка за Русија според меѓународното право. Игнорирањето на одлуката ќе ја доведе Руската Федерација во уште поголема изолација.
Покрај тоа, Украина го вклучи прашањето за репарации во тужбата против Русија, која ја разгледува Меѓународниот суд на правдата. Тоа се однесува на случајот на геноцид врз Украина.
АВТОР: МАРИЈА КУЧЕРЈАВЕЦ
превод: Жорж Димовски