• Latest

Вистиномер: Видео од протест во Австрија се користи за ширење дезинформации за бројот на загинати во Украина

March 18, 2022

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

(ИНФОГРАФИК) Америка гласа: 210 милиони регистрирани гласачи, 57 милиони предвремени гласови, 470 места во Конгресот, изборен процес од 12 милијарди долари

November 3, 2026

Избори од речиси 12 милијарди долари: Маск вложи 474 милиони, Трамп во судска битка поради обвинувања за изборни измами

November 3, 2026

Аферата Алта банка се продлабочува: Стечај во Белград, 380 милиони евра под истрага и непријатни прашања за политичките актери

November 3, 2026

СДСМ поднесе интерпелација за Иван Стоилковиќ: Спорни политички настапи и однесување во Собранието

November 3, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

[РЕПРИНТ] Нема бесплатен ручек, сѐ има да се плати!

November 3, 2026
Протести во Тирана, 3 ноември 2026

Протестите во Албанија не стивнуваат: Студентите не отстапуваат од барањето за оставка на Рама

November 3, 2026
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИТЕ | Днипро, 3 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Видео од протест во Австрија се користи за ширење дезинформации за бројот на загинати во Украина

March 18, 2022 10:42
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДИСКУРС
Share on FacebookShare on Twitter

Видеото се обидува да прикаже дека во Украина е исцениран бројот на загинати лица. Проверката на факти, пак, покажува дека истото е снимено во Австрија, три недели пред руската инвазија врз Украина и дека всушност станува збор за протест против климатските промени, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

За видео, кое на социјалните мрежи се прошири вирално и со брзина на светлината, се тврди дека прикажува како во Украина е исцениран бројот на загинати, откако Русија изврши инвазија. Ова е неточно, односно видеото не покажува такво нешто. Ова монтирано видео има за цел да ја натера јавноста да поверува дека Украина шири лажни вести во однос на бројот на загинати лица во војната.

Верувам дека нема сомнеж дека оваа хроника на наводните смртни случаи како резултат на руските напади мора да ја внесеме во салата на славните на новинарската манипулација.
Еден од „статистите“ нема да го добие бакшишот. Најинтересен лик од сите, се вели во објавата.

Во објавата на видеото дополнително се тврди дека станува збор за новинарска манипулација. Но, единствената манипулација која што ја има овде е монтажата на оригиналното видео, кое не е ниту снимено во Украина.

На видеото, кое што масовно се објавува на социјалните мрежи, се гледаат наредени мртовечки вреќи и новинар кој известува во живо. Новинарот, кој носи заштитна маска на лицето, не може да се чуе што зборува, ниту на кој јазик зборува. Во позадината, пак, оди монтиран глас од водител кој вели:

Најмалку 59 лица загинати, најмалку 149 луѓе повредени. Овие бројќи ќе растат. Нема сомневање во тоа. Има силни борби и во локации како Чернобил. Руските сили брзо ја преземаат таа област.

На екранот се појавува кајрон, односно наслов: „Украински министер за здравство: 57 загинати, 169 повредени низ Украина, откако Русија нареди напад“.

Во Фејсбук објавата каде што е споделено видеото, се тврди дека видеото е, всушност, доказ дека статисти глумат мртви лица, бидејќи во еден момент се гледа како еден човек почнува да се движи и да излегува од мртовечката вреќа.

Што всушност се крие зад видеото?

Проверката на факти покажува дека видеото воопшто не е снимано во Украина, ниту, пак, е поврзано со неодамнешените случувања со руската инвазија на Украина. На видеото е монтиран текст, а додаден  е и глас во позадина, кој треба да наведе гледачите да помислат дека новинарот навистина набројува колку лица загинале, а колку се повредени во руската инвазија во Украина.

Во оригиналното видео го нема ниту текстот ниту пак гласот на водителот кој наводно известува за бројот на загинати. Всушност, оригиналното видео е снимано во Австрија, уште пред да се случи нападот на Украина и станува збор за прилог за протест против климатските промени.

OE24, австриски медиум, го објавил видеото на Јутјуб на 4 февруари – речиси три недели пред руската инвазија на Украина. Оригиналното видео е насловено „Виена: Демо против климатската политика“.

Репортерот Марвин Бергауер, чие лице се гледа на видеото, за „Јуес тудеј“ изјавил дека на видеото е прикажан тој како го како покрива протестот на „Петоци за иднина“ кои се младинска организација за климатска правда.

Според новинарско известување од протестот, вреќите со човечки тела биле користени за да се илустрира порака на активистичка група за штетноста на емисиите на јаглерод диоксид во Австрија.

Претходно, ова видео се користело и за манипулации поврзани со ковид-19 односно за да се прикаже дека пандемијата е всушност теорија на заговор.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ