• Latest

Контраспин: Тоа што во Русија има антивоени протести, не значи дека е демократска држава

March 18, 2022
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО

Контраспин: Тоа што во Русија има антивоени протести, не значи дека е демократска држава

March 18, 2022 15:32
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФО
Share on FacebookShare on Twitter

Антивоентите протести во Москва, Санкт Петерсбург и во други руски градови, не се доказ дека руската држава има демократски капитал, како што спинува Бишевац. Големиот број на апсења, цензурирањето на одредени медиуми и на поголемиот дел од социјалните мрежи го тврди токму спротивното. Неточно и манипултивно е и тврдењето дека Украина не примила ниту еден бегалец од жариштата во Сирија, Авганистан и Ирак. Податоците на УНХЦР велат дека во 2020 година во Украина престојувале 2.172 беглаци и 2.430 баратели на азил. Дел од тие бегалци, кои претходно побегнале од воените жаришта од Блискиот Исток, сега повторно се бегалци, обидувајќи се да избегаат од уште една војна во земјата во која нашле засолниште, пишува „Вистиномер“ во својот нов Контраспин.

Сафет Бишевац, поранешен пратеник и новинар, во гостување во емисијата Студио 10 на Телевизија 24 искажа најмалку два спина поврзани со руската инвазија врз Украина којашто започна пред три недели.

Спин 1: Русија не е така диктаторско и затворено општество како што се обидува светот да го прикаже. Ако во една таква Русија, со таква власт на Путин илјадници луѓе излегуваат на улиците и протестираат против војната, тоа значи дека во таа држава постои демократски капитал кој се ефектуира со протести. Да, ќе кажете и ги апси. Се разбира дека ќе апси, тоа е официјалната страна на руската политика (07:10 – 7:40 во видеото).

[Извор: ТВ 24 – Студио 10 – Гостување на Сафет Бишевац; датум: 09.03.2022]

Контраспин: Поранешниот пратеник Сафет Бишевац спинува дека Русија е демократско општество, само затоа што луѓе излегле на протест за да го искажат своето негодување за воената инвазија што ја спроведува нивната држава на друга суверена и независна држава.  За каков демократски капитал говори Бишевац во ситуација кога има илјадници уапсени за време на антивоените протести во повеќе градови во Русија?! Нема тука ама баш ништо демократско, туку јасна цел да се задушат протестите и да се внесе „страв во коски“.

Протестите во Москва, Санкт Петерсбург и во други руски градови, не се ниту агресивни, ниту пак, демонстрантите ѝ се спротивставуваат на полицијата, за таа да ги приведува и да ги растура собирањата. Едноставно луѓето излегуваат на улица да протестираат против воените акции на нивната влада и повикуваат да се стави крај на војната.

Откако рускиот претседател Владимир Путин нареди копнена, воздушна и поморска инвазија на Украина на 24 февруари, руската организација за човекови права ОВД-Инфо објави  дека до 13 март имало над 14.000 апсења за време на протестите. Од нив, на повеќе од 170 лица им е одреден притвор.

Шрафовите целосно се затегнуваат – во суштина сме сведоци на воена цензура“, вели Марија Кузњецова, портпаролка на ОВД-Инфо за „Ројтерс“.

За да го смири несогласувањето кај своите граѓани, власта во Русија ја интензивираше акцијата против независните руски медиуми и го прекина пристапот до платформите на социјалните медиуми како Твитер, Фејсбук и Инстаграм и го прогласи ширењето „лажни информации“ за војната за кривично дело. Законот кој стапи на сила на 4 март со кој се криминализира независното известување за војната  и протестите против војната, предвидува казни до 15 години затвор.

Многу е тешко луѓето да излезат на улица и да протестираат. Секој што се обидува да излезе или изгледа како демонстрант е насилно одвлечен, вели Бернард Смит од „Ал Џезира“, известувајќи од Москва, притоа додава дека во еден случај, една жена била влечена само затоа што држела празно парче бела хартија.

Новинар на новинската агенција „Франс прес“ присутен на протестите во главниот град Москва сведочи за најмалку десетина апсења и вели дека полицијата приведувала секого без новинарска легитимација.

Така што, тоа што се случуваат протести никако не значи дека државата е демократска, како што тоа сака да го прикаже Бишевац. Големиот број на апсења, цензурирањето на одредени медиуми и на поголемиот дел од социјалните мрежи го тврди токму спротивното.

Спин 2: Истата таа Украина пред неколку години не сакаше да прими ниту еден бегалец од воените жаришта во Сирија, Авганистан, Ирак итн (13:15 – 13:28 во видеото)

Контраспин: Ова е уште една манипулација што Бишевац ја направи за време на интервјуто. Тврдењето дека Украина не примила ниту еден бегалец од жариштата во Сирија, Авганистан и Ирак не е точно. 

Податоците  на УНХЦР велат дека во 2020 година 2.172 беглаци и 2.430 баратели на азил престојувале во Украина.  Украина до пред инвазијата нудела статус на бегалци и комплементарна заштита на оние кои избегале од прогон и војна во нивните земји ( по потекло од над 60 земји). Некои од нив успеале да научат украински, да најдат работа, да започнат бизнис и да се интегрираат, а други се соочиле со предизвици при интегрирањето. Дел од тие бегалци, кои претходно бегале од воените жаришта во Јемен, Авганистан и Сирија, сега повторно се бегалци обидувајќи се да избегаат од уште една војна во земјата во која нашле засолниште.

На бегалците од воените жаришта од Блискиот Исток, крајните дестинации им беа земјите членки на ЕУ. Токму затоа бројот на бегалци коишто побарале азил во Украина се малку, а не затоа украинската држава што не сакала да ги прими. Иста е ситуацијата и со Северна Македонија, која беше транзитна дестинација на илјадници бегалци, но бројот на оние коишто сакаа да останат во нашата држава и тука да побараат азил е многу мал.

Оттука, тврдењата дека Русија е демократска држава и дека Украина не примила ниту еден бегалец од други воени жаришта се извртување на вистината и фактичката состојба и ги оценуваме како спин.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ