• Latest

Вистиномер: Објава неосновано шири паника дека Русија ни се заканува и дека сме „готови“

March 21, 2022
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Објава неосновано шири паника дека Русија ни се заканува и дека сме „готови“

March 21, 2022 14:32
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФО, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Информацијата за тоа каква воена опрема Македонија ѝ донирала на Украина е класифицирана, па оттаму несериозно е да се шпекулира дека македонските власти ѝ испратиле на Украина противтенковско вооружување, па дури и дека „не се знае колку руски тенкови се уништени со македонско оружје“. Со ваквото пласирање на непотврдени и непроверени инфромации само се шири паника во јавноста, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Пост на Фејсбук преку кликбејт наслов и непотврдени информации шири паника во јавноста дека Русија ѝ се заканува на Македонија и дека „готови сме“. Постот е многу вирален и споделуван – во моментот на нашата рецензија повеќе од 100 пати.

Постот пренесува напис со наслов: „ГОТОВИ СМЕ: Русија и се заканува на Македонија!“. Во написот се наведува дека Русија започнала со закани кон нас откако Македонија донирала воени средства и опрема за оружените сили на Украина.

Текстот шпекулира и дека Македонија ѝ донирала на Украина противтенковско вооружување, „иако не е соопштено од македонската влада каков е видот на средствата кои се донирале согласно барањата на Украина“.

Русија се заканува на сите држави кои воено ја помагаат Украина, дека ќе сносат одговорност. Конкретно не се наведува каква одговорност ќе сноси Македонија и колку руски тенкови се уништени со македонско оружје. Москва вели дека земјите што испраќаат воена опрема во Украина ќе бидат одговорни доколку истата се користи против руските сили. Дали ова значи дека Русија е информирана дали е употребено нашето вооружување?, пишува во написот.

Нема никаква потврда дека Македонија ѝ донирала на Украина противтенковско вооружување. Тоа се шпекулации базирани на анонимни извори на авторот на текстот.

Точно е дека македонските власти не соопштија конкретно каква воена опрема ѝ испраќаат на Украина, а тоа е така, како што рече претседателот Стево Пендаровски при своето гостување во Дневникот на Сител, бидејќи информацијата е класификувана од НАТО. Како што посочи шефот на државата, Македонија добила цел список од амбасадата на Украина за тоа што им е потребно и тоа главно била медицинска опрема. Што се однесува до помошта од воени средства, Пендаровски рече дека не може да ја каже поради заканата од Русија кон сите оние кои дотураат оружје на Украина, дека ќе бидат нивна легитимна воена цел.

Со слична изјава излезе и министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Се придружуваме на солидарноста на земјите членки на НАТО и ЕУ за директна помош на Украина. Поради класифицираната информација, не можеме да објавиме повеќе детали за типот и видот оружје што Украина го бара. Како министерство ја поседуваме опремата и ќе ја доделиме со одлука на Владата – рече Петровска.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи  извести дека украинските власти од Македонија побарале крвни единици, медицински помагала и лекови, но и други работи. Исто така, украинската амбасада побарала, ако дојдат бегалци од таа земја во Македонија, да не им се бараат сертификати за вакцинација за да не се усложнува работата.

Имајќи предвид дека информацијата за тоа каква воена опрема Македонија ѝ донирала на Украина е класифицирана, несериозно е да се шпекулира дека македонските власти ѝ испратиле на Украина противтенковско вооружување, па дури и дека „не се знае колку руски тенкови се уништени со македонско оружје“. Со ваквото пласирање на непотрдени и непроверени инфромации само се шири паника во јавноста.

Точно е дека руското Министерство за надворешни работи соопшти дека сите оние кои испорачале смртоносно оружје во Украина ќе одговараат доколку се употреби за време на руската воена операција во земјата. Министерството додаде дека чекорите што ги презема Европската унија против Русија нема да останат без одговор.

Но, не може со сигурност да се каже дали Македонија ѝ испратила на Украина смртоносно оружје. Така што, не може ниту да се тврди дека „сме готови“ и дека Русија посебно и се заканила на Македонија.

Според ова, за постот што го анализираме можеме да кажеме дека му недостига контекст и дека непотребно шири паника во јавноста, што во вака сензитивна ситуација може да има непосакувани последици, пишува „Вистиномер“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ