Руските сили, кои ја окупираа нуклеарната централа во Чернобил, ја ограбиле и уништиле лабораторијата на тоа место, тврдат украинските власти, пренесува информативната агенција МИА.
Државната агенција на Украина за управување со зоната на исклучување соопшти дека Русите ја уништиле Централната аналитичка лабораторија, која преработувала голем дел од радиоактивниот отпад, пренесува Би-би-си.
Агенцијата на Фејсбук објави дека лабораторијата има високо активни примероци и примероци од радионуклиди, кои сега, како што наведе, се „во рацете на непријателот“.
„Во лабораторијата, чија изградба чинеше околу шест милиони евра, имаше и вредна аÐ �алитичка опрема, што ја нема никаде на друго место во Европа“, соопшти агенцијата.