• Latest

САД и официјално – руските сили во Украина извршиле воени злосторства

March 23, 2022

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

САД и официјално – руските сили во Украина извршиле воени злосторства

March 23, 2022 20:13
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска и официјално ја изнесе позицијата на САД дека руските сили во Украина извршуваат воени злосторства и дека е потребно формирање на суд што ќе ја утврди одговорноста и ќе ги процесуира овие злосторства. 

-Врз основа на расположливи информации денеска можам да објавам дека американската Влада оценува дека припадници на руските сили извршиле воени злосторства во Украина, изјави Блинкен. 

Тој изјави дека забележани се безброј кредибилни извештаи за неселективни напади што намерно целат на цивили, како и други ѕверства. 

-Руските сили уништуваат станбени згради, училишта, болници, критична инфраструктура, цивилни возила, шопинг центри и амбуланти, со што илјадници невини цивили се убиени или ранети, истакна Блинкен. 

Тој наведува дека многу од локациите погодени од руските напади се јасно означени како места каде има цивили. 

-Ова го вклучува породилиштето во Мариупол, како што високиот комесар на ОН за човекови права истакна во својот извештај од 11 март. Исто така вклучува напад на театарот во Мариупол, јасно означен со зборот „дети“, на руски деца, со големи букви, видливи од голема височина. 

Се наведува дека силите на Путин користеле исти тактики во Грозни, Чеченија и Алепо, Сирија „каде го интензивираа бомбардирањето да ја скршат вољата на народот. Нивниот обид да го направт истото во Украина го шокира светот, и како претседателот Зеленски се изрази ‘го натопија народот на Украина со крв и солзи’“. 

Според Стејт департментот, заклучно со 22 март само во Мариупол загинале 2.400 цивили. Според ОН, во Украина досега загинале 2.500 цивили, не вклучувајќи го Мариупол, и од ОН истакнуваат дека бројката сигурно е поголема. 

Блинкен наведува дека оценката за тоа дека во Русија се извршени воени злосторства е заснована на внимателен преглед на достапната информација од јавноста и од разузнавачки извори.  

САД повикуваат на создавање на суд со јурисдикција за овие злосторства што  ќе биде одговорен во детерминирањето на криминалната вина на поединци во врска со злосторствата во Украина. 

САД продолжуваат да ги следат злосторствата извршени во земјата и ќе ги споделуваат сите информации со сојзиците и партнерите за ова, се вели во соопштението.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ