• Latest

Еден месец руска агресија во Украина, Путин мора да падне, ЦИВИЛ со извештај од украинско- полската граница

March 24, 2022

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Еден месец руска агресија во Украина, Путин мора да падне, ЦИВИЛ со извештај од украинско- полската граница

March 24, 2022 16:13
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВО ФОКУСОТ НА ЦИВИЛ: ЕДЕН МЕСЕЦ РУСКА АГРЕСИЈА ВРЗ УКРАИНА

ЦИВИЛ одржа јавен настан на тема „Еден месец руска агресија врз Украина“, како осврт на состојбите со човековите права, бегалската ситуација, пропагандата, меѓународниот глас, санкциите кон руската федерација, говорот на омраза и сите аспекти во однос на војната во Украина.

На настанот со директно вклучување учествуваше Астрит Истрефи – Балкан Форум, од полската граница со Украина, каде што поминува голем број бегалци од Украина. Истрефи во своето вклучување изрази голема загриженост за состојбата во Украина, и посочи дека она што украинскиот народ го бара е затворање на воздушниот простор над Украина. Истрефи изјави дека многу европски и светски организации изразуваат осуда за агресијата врз Украина, и апелира до политичките сили да не дозволат уште еднаш да се случи Босна, Косово и Хрватска.

Украинската амбасадорка во Северна Македонија, Н.Е. Наталија Задорожњук преку видео изјава порача дека фашистичкиот режим на Русија мора да доживее уништувачки пораз.

„Месец војна со рускиот режим. Блицкригот на агресорите од Кремљ пропадна. Украина се бори херојски и посветено. Се бори за себе, за иднината на своите деца, за Европа и за демократските вредности, за правото на избор.’, рече меѓу другото Задорожњук.

Драган Мишев од ЦИВИЛ се осврна на текот на руската агресија во Украина, од почетокот до денес.

„Помина еден месец од почетокот на непосредната руска аграсија врз Украина, или, како што ја нерекува Путин, „ Специјална интервенција “ и која, според првичните руски проценки, овој „блиц криг“требаше да заврши во рок од 48 до 72 часа, при што руските трупи ќе ја „ослободат“ и „денацифицираат“Украина.  Рускиот напад се случи во раните утрински часови на 24 февруари, 9 дена подоцна од датумот за напад кој го објави американскиот претседател Џо Бајден.

Но, руските пресметките на терен не се остварија, Путиновата „мировници“ не беа дочекани со цвеќе од стана на украинците, напротив. Предводени , пред се, од украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој инаку самиот има еврејско потекло, а неговото семејство било жртва на нацистите во Втората светска војна, украинците од самиот почеток на нападот пружаат жесток отпор на сите фронтови на, официјално, втората најсилна армија на светот.“, вели меѓу другото Мишев.

Дијана Тахири од ЦИВИЛ се осврна на одговорот на меѓународната заедница кон руската агресија врз Украина, во однос на осудата, хуманитарната помош, санкциите кон руската федерација, повикот на светските организации, интелектуалци и уметници за прекин на војната во Украина, и другите аспекти од тоа што се нарекува одговор на бесмислената агресија.

Биљана Јордановска од ЦИВИЛ се осврна на состојбата со бегалците од Украина, бројките и нивното третирање.

„Не се работи само за територии и ресурси, не се работи само за воени цели. Се газат фундаменталните човекови права и слободи на цивилите во Украина. Со оваа ужасна војна чии размери ги надминува само апсурдот и амбициите на еден моќник, се газат човековите права и слободи на целиот свет.“, посочи Јордановска.

Јордановска посочи и на членот 13 од Универзалната декларација за човекови права, која гласи:

– Сeкoj имa прaвo нa слoбoдa нa движeњe и живeaлиштe вo рaмкитe нa грaницитe нa сeкoja држaвa.

Сeкoj имa прaвo дa ja нaпушти зeмjaтa, вклучувajќи ja и нeгoвaтa сoпствeнa зeмja, кaкo и дa сe врaти вo свojaтa зeмja.

Таа порача дека Женевската конвенција за бегалци е неопходна основа за меѓународна заштита на бегалците.

Дехран Муратов од ЦИВИЛ се осврна на пропагандата, дезинформациите и растечкиот говор на омраза во однос на војната во Украина. Муратов илустрира неколку примери на пропагандистички говори во „полза“ на Руските агресори, како и дезинформациите кои доаѓаат од добро познати центри.

Муратов изрази загриженост дека војната не се сфаќа доволно сериозно, и посочи на односот на граѓаните на Северна Македонија кон бегалците од Сирија, и сегашниот однос кон евентуалните бегалци од Украина. Тој посочи на „топлиот пречек“ на Украинките, кој може да се забележи по социјалните мрежи.

Украинките на некој начин се двојни жртви. Жртви на војната, и жртви на сексизмот“, вели Муратов меѓу другото.

Љубомир Костовски се наврати на своето гостување на првиот панел на ЦИВИЛ за руско –украинската криза, каде што го изрази своето убедување дека во Украина ќе има војна, и покрај „убедувањата“ на Путин дека нема да војува во Украина.

„Не можете да соберете толку војска, такво наоружување, да го држите тоа со месеци, ќе потсетам дека претходната година,  во Белорусија имаше воени маневри, каде освен Русија и Белорусија, учествуваше и Србија, каде имаше ангажирано прилично голема војска. Тие луѓе мора да се држат во униформи, во шатори, и тоа е веќе еден вид на полувоена состојба“, посочува Костовски.

Александар Николиќ Писарев повторно го опиша Путин, односно неговите воени дејности, како „слон во продавница на кристални чаши“.

„Она што очекувам сега да се случи, е пукање по внатрешните шевови во Русија, трошоците кои ги изискува воената интервенција, заробените 11 милијарди долари во швајцарските банки и сето тоа, мислам дека ќе влијае на внатрешната стабилност на Русија и понатамошна дезинтеграција на „големата мечка“, вели меѓу другото Писарев.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Задорожњук: Фашистичкиот режим на Русија мора да доживее уништувачки пораз

„Месец војна со рускиот режим. Блицкригот на агресорите од Кремљ пропадна. Украина се бори херојски и посветено. Се бори за себе, за иднината на своите деца, за Европа и за демократските вредности, за правото на избор.

Има значајна предност на Украинската Армија во копнените битки и критична потреба да се затвори небото. Во воздухот доминира авијацијата на агресорот.

На воен план ја победивме таканаречената втора армија во светот. Оваа војна за нив е почеток на крајот.

Покрај деморализацијата, Русија, губејќи на бојното поле прибегна и кон заплашување – ова се и злосторствата на руската армија со пукање на населението, грабежите, бомбардирање со авијација и ракети врз објектите на критичнруата инфраструктура по целата територија на Украина.

Армија се, пред сè, луѓето, нивната подготвеност да одат во битка. Во ова Русите губат катастрофално. Ние имаме неспоредливо квалитативна предност на Вооружените сили на Украина и на украинскиот народ. И тоа не е само воена предност – тоа е народен отпор. Нашата армија работи со 100% поддршка од населението.

Кој било украински војник на линијата на фронтот кој излегува од автомобилот, едноставно, е нападнат од локалното население со желба да го нахрани, да му го наполни автомобилот со гориво, да помогне и да пријави информации за агресорот.

Штом се расипува каква било техника на окупаторот, локалните жители стигнуваат до неа порано од нашите воени единици. Тие веднаш целосно ја онеспособуваат. Ова е тотален отпор, чии размери светската историја сè уште не ги видела. Целиот народ се крена во војна.

Непријателот претрпе големи загуби во сите правци.

Да, Мариупол е блокиран, вистина е. Агресорот физички го уништува овој прекрасен град. За нив нема ништо свето. Знаејќи дека луѓе се кријат во театарот, тој намерно и безмилосно фрла по него бомби. Дури и цивилните хуманитарни коридори што ги отвораат, ги принудуваат луѓето да се евакуираат не во Украина, туку на територијата на руската федерација.

Најголемиот дефицит сега во Украина е оружјето. Сите цивили бараат да бидат вклучени во војната, да им се даде можност да го протераат агресорот. Оние кои не можеа да добијат оружје, градат барикади и организираат помош за војската. Се води вистинска народна војна.“, изјави Н.Е. Наталија Задорожњук во интервју за ЦИВИЛ Медиа.

ЕДИТОРИЈАЛ 

Украина. Еден месец терор. И лаги.

Од Џабир Дерала

„Завршува еден месец од крвопролевање во кое не се лее само украинска крв. Украинките и Украинците се борат да го одбранат својот дом, но и целиот свет. Крвари целиот свет и со брзи чекори ита кон својот суров крај.

Тенкови против живо човечко месо. Против деца, трудници, стари жени и мажи. Со ужасниот терор на гранатите, бомбите и ракетите, придружен со теророт на лагите се срамнуваат со земјата цели градови.

Десет милиони цивили, повеќето жени, деца и стари, ги напуштија своите домови, од нив повеќе од три милиони се надвор од границите на Украина. Речиси половина од бегалците се деца. Конвоите на неизмерното човечко страдање на границите и железничките станици ги пречекаа хуманите луѓе од Полска и од другите европски држави. Ги пречека и мрачното подземје. А трагедијата не завршува со бегството од војната. Криминалците го собираат својот данок во крв и дел од жртвите ги голта подземјето.“

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРАВДА Со изведување докази од страна на Обвинителството во Основниот Кривичен суд – Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Софтвери” во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски.

ИЗБОРИ Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска го повтори ставот дека секоја промена на изборниот систем мора да биде со консензус.

МНР Согласно активностите и преземените обврски од нашето членство во НАТО, Република Северна Македонија обезбеди привремено сместување на 68 Авганистанци, наши сојузници, кои претходно беа ангажирани од страна на НАТО за време на мисијата во Авганистан.

ХАКИРАЊЕ Анонимус објави дека ја хакирале Централната банка на Русија и дека ќе објават повеќе од 35.000 податоци.

ДИСТРИКТ – Зиков: Корупцијата не е еднонасочна па и двонасочна, таа е цел еден сложен систем па затоа и тешко се искоренува

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Љупчо Зиков – новинар, уредник, колумнист, главен уредник, еден од македонските пионери во медиумскиот бизнис.

Д. Тахири 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ