Војната во Украина ги фрли во сенка изборите во четири европски држави од кои три се членки на ЕУ и од чији исходи во многу ке зависи иднината не само на Европа него и на Западен Балкан. Во април, освен во Србија каде се гласа на 3. април и која е во нашето непосредно соседство, изборите се одржуват и во три држави членки на ЕУ, во Унгарија на 3. април, во Франција на 10 април, и во Словенија на 25 април.
Како ќе изгледа новиот политички мозаик на Европа во опширна анализа меѓу другите, специјално за ЦИВИЛ Медиа зборуват колумнисти на Љубљанското „Дело“ Дејан Водовник и на Белградското „Време“ Вукашин Обрадовиќ. Какви се шанси новото словенечко движење 8. март да го победи Путиновиот и Орбановиот сателит Јанез Јанша и да ја врати Словенија на европски колосек? Зошто српската опозиција не го прифати моделот на Бугарската туку остана разбиена и маргинализирана на политичката сцена во Србија? Проценките се дека Макрон и Вучиќ веќе можат да слават победа, а Орбан и Јанша сами ќе играт чардаш и полка… во анализата од Александар Николиќ Писарев која ќе биде објавена на ЦИВИЛ Медиа.