• Latest

Дебата на СЕММ и ЗНМ: Саморегулација и мерки за унапредување на професионализмот во медиумите

March 28, 2022

Евидентирани 1916 во Регистарот на ДКСК за службени возила на државни органи за локалните избори

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на YouTube

Администрацијата на Трамп ќе проверува за „антиамериканизам“ во апликациите за имиграција, критичарите потегот го споредуваат со макартизам

August 20, 2025
Мигрантите депортирани од САД пристигнуваат во Хондурас. Фото: Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

САД постигнаа договори за депортација на мигранти со Хондурас и Уганда

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израел бара ослободување на сите заложници во Газа, фрлајќи сомнеж врз предлогот за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото; Скриншот од видео на YouTube каналот на British Army

Околу 10 европски сојузници се подготвени да испратат војници во Украина, се забрзуваат разговорите за безбедносните гаранции

August 20, 2025

Избирачкиот список се отвора во сабота за увид и запишување и бришење податоци

August 20, 2025
Фото: Телеграм канал АСТРА

Геј порно снимено во православна црква во Русија

August 19, 2025

24 ЧАСА: ДИК без консензус за бројот на советници на локалните избори; Секое украниско дете киднапирано од Русија мора да биде вратено-децидна фон дер Лајен; Жестоки протести во Србија

August 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Медијаторите чекаат одговор од Израел на новиот предлог за прекин на огнот во Газа

August 19, 2025
Фото: миа.мк

Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

August 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Дебата на СЕММ и ЗНМ: Саморегулација и мерки за унапредување на професионализмот во медиумите

March 28, 2022 13:50
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Советот за етика на медиумите во Македонија (СЕММ) во соработка со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) организираше јавна дебата посветена на саморегулација и мерки за унапредување на професионализмот во медиумите, пренесува МИА.

Во воведното обраќање, извршната директорка на СЕММ Марина Тунева истакна дека целта на дебатата е да се направи осврт на начинот на којшто функционира медиумската саморегулација во државата, поставеноста на новинарската професија и тешкотиите пред коишто е исправена, но и положбата на новинарите и медиумските работници.

– Медиумската саморегулација претставува низа предизвици, но резултатите од нејзиното спроведување и поддршка значат квалитетно новинарство, заштита на интегритет на медиумите, квалитетни информации за граѓаните, ослободување од влијанието на центрите на моќ и заштита на слободата на изразување, додаде Тунева.

 

Шефот на делегацијата на Европската Унија, Дејвид Гир нагласи дека слободата на изразување е неопходна и вредна и посочи дела сепак ова основно право на слобода е во постојан ризик, не само во земјава, туку и во ЕУ и светот.

Според претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски,  новинарите и медиумските работници имаат заедничка одговорност да им служат на граѓаните во подобрување на политиките што се од значење за сите.

– Слободата на мислата и говорот е неприкосновено право на секој граѓанин и на секој новинар. Како гласник на граѓаните, јавниот интерес е важен именител како за новинарите, така и за сите луѓе кои учествуваат во носењето на одлуките, не само во оваа земја туку и секаде, вели Чадиковски.

Тој додаде дека е потребно веднаш да бидат решени некои работи, како на пример усвојување на законот што овозможува насилниците против новинарите да бидат гонети по службена должност. Потоа, да се усвои законот со кој законските казни против новинарите се намалуваат четирикратно. Овие закони се тесно поврзани со слободата на медиумите и независноста на новинарите и затоа е неопходно да бидат донесени што е можно побрзо.

 

Вториот дел од дискусијата продолжи со темата „Состојбите во редакциите, правата на новинарите и медиумската клима“. Во овој дел се обратија Драган Секуловски од ЗНМ и Дарко Дуридански од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

Оваа јавна дебата се спроведува како дел од проектот „ЕУ Поддршка за подобрување на медиумската етика“ и со поддршка од програмата Цивика мобилитас.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ