• Latest

Петровска: Немаме донесено одлука за испраќање припадници на Армијата на територија на источниот блок на НАТО

March 28, 2022
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Петровска: Немаме донесено одлука за испраќање припадници на Армијата на територија на источниот блок на НАТО

March 28, 2022 13:54
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска изјави дека досега не е донесена одлука за испраќање на припадници на нашата Армија на територија на источниот блок на  НАТО. Доколку биде донесена таква одлука, вели Петровска, јавноста ќе биде информирана, пренесува МИА.

– Република Северна Македонија, која е членка на НАТО, е подготвена да го сподели товарот со останатите, но до овој момент немаме донесено конкретна одлука за тоа. Доколку донесеме, јавноста ќе биде информирана, изјави Петровска по одбележувањето на 30-годишнината од формирањето на Армијата.

Таа додаде дека македонската Армија има исклучително обучени и релативно добро опремени припадници, кои, доколку евентуално бидат испратени во ваков тип на мисија, ќе бидат распоредени на соодветни места согласно стратегиите и развојните планови на НАТО.

Во делот на модернизацијата на Армијата, министерката Петровска најави дека кон средина на годинава се очекува да бидат испорачани лесните оклопни возила. Модернизацијата, како што посочи, се одвива во неколку сегменти – дел се однесува на личното опремување на секој припадник, а дел на модернизација на телекомуникациските и системите на вооружување.

– Јавните набавки се во тек. Оваа година ќе започне испораката на лесните оклопни возила кои треба да бидат испорачани кон средината на оваа година и како ќе се склучуваат јавните набавки, така јавноста соодветно ќе биде информирана, изјави Петровска.

Министерката Петровска посочи дека засега нема интерес за колективно сместување на украински бегалци во земјава.

Во изјава за медиумите по одбележувањето на 30-годишнината од формирањето на Армијата, Петровска рече дека бегалците кои доаѓаат во земјава престојуваат кај роднини и пријатели и дека засега не се користат објектите за колективно сместување.

– Полска е првата земја што граничи со Украина и таму е концентрацијата на големиот број бегалци од Украина, рече Петровска.

Посочи и дека премиерот имал телефонски разговор со неговиот украински колега и дека земјава согласно капацитетите е подготвена да прими одреден број на бегалци

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ