• Latest

МНР протера уште пет руски дипломати, напредок во преговорите со Бугарија, нема одлука за испраќање наши војници во источниот блок на НАТО

March 28, 2022

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

МНР протера уште пет руски дипломати, напредок во преговорите со Бугарија, нема одлука за испраќање наши војници во источниот блок на НАТО

March 28, 2022 16:31
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Северна Македонија прогласи пет руски дипломати за персона нон грата

Денес во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин, кому му беше врачена дипломатска нота, со која петмина вработени во Амбасадата на Руската Федерација се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата.

Согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Нашата Влада сака да го постигне овој резултат што е можно побрзо. Како што сите знаеме, имаме неколку одредници што треба да ги постигнеме, како и заштитата на правата на малцинствата, ова го дискутиравме и претходно. Во блиска координација сме со европските партнери коишто често служат како трета страна во овие преговори и очекуваме заедно да работиме кон преговорите и сигурен сум дека, се надевам дека наскоро ќе го постигнеме тоа. Имаме заедничка цел и секако го поддржувам фактот дека со оваа криза што ја имаме со војната во Украина Западен Балкан треба да биде што е можно постабилен, а добар дел од патот кон оваа стабилност е токму пристапувањето на Северна Македонија и на Албанија“, истакна бугарскиот премиер Кирил Петков на заедничката прес-конференција во Софија со премиерите на Северна Македонија, Црна Гора и Романија, Димитар Ковачевски, Здравко Кривокапиќ и Николае Чука.

ВОЈНА ВО УКРАИНА 

Вкупно 143 деца се убиени, а 216 се повредени откако Русија ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари, изјави комесарката за човекови права на Врховната Рада, Лиудмила Денисова, во соопштение објавено на Телеграм, пренесува Укринформ.

Преговорите помеѓу Украина и Русија одложени за утре поради логистички потешкотии.

Битките се во тек на периферијата на Киев, украинските сили продолжуваат да го бранат главниот град,  изјави советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Вадим Денисенко на украинските ТВ канали, пренесува Укринформ.

„Мариупол е втор Алепо. Цивилната популација во градот е масакрирана, уништена, страдањето е ужасно. Мислам дека сме на пресвртна точка каде што надвор од украинската криза, параметрите на стабилност и безбедност во Европа се оспорени“, рече францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан на Форумот во Доха, конференција за политика во Катар.

Десетици илјади цивили се заробени во Чернихов, оставени без гас, вода и без струја, по месец дена тешки борби, пренесува МИА.

Украинските органи за спроведување на законот веќе регистрираа 3.085 злосторства на агресија и воени злосторства извршени од Руската Федерација против Украина, објави на Телеграм прес-службата на Јавното обвинителство, пренесува Укринформ.

ФЛЕШ ВЕСТИ

НАТО „Република Северна Македонија, која е членка на НАТО, е подготвена да го сподели товарот со останатите, но до овој момент немаме донесено конкретна одлука за тоа. Доколку донесеме, јавноста ќе биде информирана“, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска по одбележувањето на 30-годишнината од формирањето на Армијата.

„Една од најдобрите одлуки зад која повеќе од три децении стои широк надпартиски и општествен консензус е истрајноста во нашата евроатлантска ориентација. Токму во овој период на огромни геополитички тензии и воени конфликти, членството во НАТО претставува важен стабилизирачки фактор за Северна Македонија“, истакна претседателот Стево Пендаровски.

ОМБУДСМАН Да се продолжи важноста на Законот за неевидентираните лица во матичната книга на родените.

ОБРАЗОВАНИЕ Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава Дејвид Гир на средба разговараа за јакнење на соработката и операционализација на проектите за унапредување на образовниот систем, пренесува МИА.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Проф. Рубин Земон во разговор со ЦИВИЛ Медиа вели дека ние како држава треба да бидеме горди бидејќи сме први во Европа што донесовме стратегија за интеркултурализам како одговор на некои негативни феномени кои ги имавме во минатото, пред десетина години.

„Пред 7-8 години Македонија беше оценувана од меѓународната заедница како поделено општество каде што има немири, нетолеранција, меѓетнички тепачки, убиства итн… Сега ситуацијата е порелаксирана, нема инциденти по автобусите, нема тепачки, и сето тоа е поради стратегијата за едно општество и интеркултурализам“.

ДИСТРИКТ

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Оливера Јовановска – еднаш новинар, секогаш новинар ако не баш активно тогаш во духот и страста за оваа професија. Таа зборува за себе и семејството, за старата татковина и љубовта, за новата татковина и бизнисот, за траумите од воените конфликти и за радоста со семејството.

СЛОБОДНА ЗОНА

Добро утро со Орданоски

„Сите тие, речиси без исклучок, својата моќ и пари ги темелат врз ексклузивните права за бизнисите со енергијата, ретките метали или во челичната индустрија, плус уште неколку монополи во еден-два други сектори. Ништо од тоа, по распадот на СССР, го немаат стекнато со генерациска напорна работа и чесен труд, ако се разбираме што сакам да кажам. Бројот на нивните приватни јахти по тонажа и должина (луксузот се подразбира) ги надминува флотите на многу поморски земји, а разновидните летала со кои располагаат би можеле да превезат милиони патници годишно, а не само нивните семејства и пријатели. Дворци, вили, деловни згради… Спортски клубови, егзотични хобија, автомобилски возни паркови… Да не губиме време во бесмисленоста на цените на тие имоти“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Има ли разлика помеѓу руските, американските и македонските олигарси?“.

Џабир Дерала

„Се пожали дека државата не му дала обезбедување, а дека има „структури“ што сакаат „да го нема, да го тргнат, по можност и физички…

Ако навистина има говор на омраза против него, тоа е за осуда и мора да запре. Како што и тој може еднаш, барем еднаш (!), да го осуди говорот на омразата во кој се повикува на истребување на цели етнички заедници. Може барем еднаш (!) да ги повика партиските милитанти да престанат со гнасни навреди, омраза и повици за егзекуција на политичари, новинари, интелектуалци, уметници, јавни личности… Ама како? Па тие се дел од партијата! Тоа се ботовите и троловите кои се ухлебени во партијата, но и во државната администрација, општините, полицијата, армијата, школите… Како ним да им каже дека треба да престанат?, пишува Џабир Дерала во колумната „Кутриот Мицкоски“.

Војо Маневски

„Секое ѕвонење на телефонот ми прави стрес и затоа решив да си воведам време на користење на телефонот. Некаде после утринското кафе проверувам кој ме барал и доколку е благонадежен барателот за разговор се јавувам. Кога ќе завршам го ставам телефонот во звучно мирување и се заштитувам до утре. И онака ако е нешто премногу итно ќе ме најде тој што толку ме бара, а ако не е итно зошто би си приредувал стресови во текот на денот“, пишува Војо Маневски во колумната „Електро стрес“.

„Поради ветото наметнато од Бугарија за историските и идентитетските спорови со нејзиниот сосед, Албанија и Северна Македонија се оставени да висат во воздух меѓу надежта и очајот повеќе од две години. Оваа злоупотреба на правото на вето за прашања кои немаат врска со критериумите и условите кои секоја земја-кандидатка мора да ги исполнува ја истакнува инхерентната слабост и лицемерие на процесот на донесување одлуки на ЕУ во однос на нејзината политика на проширување“, пишува Ерван Фуере во анализата Може ли војната во Украина да ја оживее агендата за проширување на ЕУ за Западен Балкан?

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ