• Latest

Борчовите на идните преговарачи ќе одлучуваат за мирот

March 29, 2022

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Борчовите на идните преговарачи ќе одлучуваат за мирот

Социјалистичка Југославија својата најсилна ерозија ја имаше во мигот кога дојдоа за наплата странските долгови во висина од 20 милијарди долари. Денес, според стручни анализи, Русија на дневна основа губи 20 милијарди долари само по основ на воени трошоци, без да се сметаат тука економските штети по државата, но и штетите кои ги трпат нејзините граѓани, меѓу нив и мултимилијардерите.

March 29, 2022 10:00
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Кога се работи за Украина и војната која ги привлекува сите погледи на планетата, сега се е врзано за дилемата – ќе има ли мир? Кога би започнале преговорите? Оваа загатка има две катети – дали Москва ќе може економски да ги издржи трошоците на целата операција која чини ѓаволски многу, покрај големиот блам со големиот пад на угледот на Русија како велесила, и тоа би била едната катета. Втората катета е врзана за она што значи трпеливост на западното јавно мислење кое едноставно не може да ги гледа сликите кои доаѓаат од разурнатите градови во една самостојна држава и, пред се храбра и обединета во отпорот земја, па нема да ги притиска своите лидери да го натераат Путин да седне на преговарачка маса. При тоа е се’ појасно дека целта на Путин е да има преговори бидејќи е свесен дека ја изгуби војната пред се во однос на намерата тенковите да му ја донесат на чинија бараната цел: да воспостави квинслишка влада која би била неоколонијален приврзок; Киев треба да признае дека Донбас и Крим се составен дел од Русија, а идниот политички лидер – квислинг нека се соочи со сите можни последици кои ќе останат на украинско тло (разрушената земја, земјоделие без никаква поддршка, веројатна глад и огромна маса социјални случаи…).

Гледано преку другата катета западните ставови кон ова прашање засега се цврсто врзани за победа на Зеленски, останува на избраните институции во политичка кондиција, особено по лавовската борба во првиот месец од агресијата кон нив.

Прашањето на одржливоста на таа определба, која си има своја политичка и етичка оправданост, секако зависи и од шансите на воено поле и од потенцијалот кој го дава Западот во одржливоста на сторијата „до последниот Украинец“!

Сосема е јасно дека Кремљ нема да се согласи да преговара со било кој политички чинител на Украина. Самиот факт што руските лидери би седнале на маса со врвните колеги од НАТО или ЕУ би биле во голема мерка некаква сатисфакција за суетата на Путин, бидејќи, би ја одржала во кондиција неговата вообразена претстава за „освета на моќниот Исток кон трулиот и алав Запад“.

Империјалната логика со која се води рускиот шеф на државата, која веќе е општо прифатена како дефиниција, го води кон некогашните поделби на трајни сфери, кои се подразбирале и кога поранешниот СССР и претходно царска Русија ја делел Европа по должина и широчина. Позната е бољшевичката поговорка дека „за судбината на Полска нема да разговараме во Варшава, туку во Берлин“ а тоа сака да го демонстрира пред камерите и Путин сега, сугерирајќи дека за иднината на статусот на Украина би разговарала со помоќните сили, секако надвор од Киев и веројатно тоа би бил основниот услов со чие исполнување би се закочиле воените дејствија на неговата армија.

Ете го крокито на едната (руската) катета – константа која веќе се оформува појасно. Гостувајќи неодамна во Брисел, претседателот на Турција, Ердоган, ги замоли западните лидери да остават простор за достоинствено повлекување на Путин!

При тоа и Путин игра со времето! Откако не успеа во својот блиц-криг тој тоне, сликовито, со тенковите во украинските ниви кои годинава нема да се посеат, туку и во трошоците кои се огромни со секој ден на траење на војната. Да направиме паралела – социјалистичка Југославија својата најсилна ерозија ја имаше во мигот кога дојдоа за наплата странските долгови во висина од 20 милијарди долари. Денес, според стручни анализи, Русија на дневна основа губи 20 милијарди долари само по основ на воени трошоци, без да се сметаат тука економските штети по државата, но и штетите кои ги трпат нејзините граѓани, меѓу нив и мултимилијардерите

Во веста што ја објави онлајн консултантската компанија „Консалтанси“ отстапен е простор за истражувањето спроведено од тинк-тенк организациите „Центер фор икономик риковери“ и „ИзиБизнис“ и консултантската компанија „Цивита“. Во истражувањето што врз нивните наоди ги направи Агенцијата Анадолија трошоците за војната што Русија ја започна против Украина на 24 февруари може да ја чинат московската администрација над 20 милијарди долари дневно. Покрај тоа, во истражувањето се вели дека обемот на мобилизацијата, кое вклучува логистика, персонал, муниција, гориво, лансирање ракети, ќе чини повеќе пари секој нареден ден и се истакнува дека со зголемувањето на обемот на инвазијата, дневните трошоци на Русија за војната може да надминат постојната дневна сума од 20 милијарди долари.

Од друга страна, вредноста на рубљата падна на историски ниски нивоа поради санкциите воведени од меѓународната заедница со цел да се дестабилизира руската економија и земјата да се одврати од агресијата.

Се истакнува дека додека руските компании забележуваат брз пад на пазарната вредност, московската администрација има потешкотии да ја одржи макростабилноста поради новите ограничувања на тргувањето со државни обврзници и замрзнувањето на средствата на Централната банка (најмалку 370 милијарди долари само во трите најмоќни европски држави).

Еден од обидите во спротивна насока е продавањето на нафта и гас само во рубљи што веднаш ја подигна вредноста на руската валута. Тука сега има карташка игра на нерви, бидејќи, ЕУ веднаш одби да се согласи на такво „кршење на договорите“ кои предвидуваат пазарење во конвертибилни валути. Впрочем, трговските ограничувања се очекува да предизвикаат голема штета на руската енергетски зависна економија, во истражувањето се истакнува дека забраната за увоз на високотехнолошки производи ќе влијае и врз синџирите на вредност на среден и долг рок.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ