• Latest

Конференција: Унапредување на реформите во правосудството-враќање на довербата кај граѓаните

March 29, 2022

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Конференција: Унапредување на реформите во правосудството-враќање на довербата кај граѓаните

March 29, 2022 14:54
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод Денот на македонското правосудство – 31 март и како дел од проектот „За правда – следење на спроведувањето на Стратегија за реформи во правосудството во 2021 година“ денеска беше организирана конференција за улогата и обврските на одделни правосудни институции во реформскиот процес, пренесува МИА.

Во овој дел обраќање имаше претседателката на Судски совет, Павлина Црвенковска, во врска со сите усвоени документи во изминатите две години, важни за реформите во судството.

– Во текот на 2019-та година беше донесен нов Закон за судски совет, како и измени во Законот за судовите. Овие закони му наложија на Судскиот совет да донесе низа подзаконски акти со цел да се конкретизираат активностите на советот во правец на поажурно постапување, пообјективно оценување на работата на судовите и судиите, а се со крајна цел за побрза, поефикасна и задоволителна правда, што е клучното во враќањето на довербата кај граѓаните, истакна Црвенковска во нејзиното обраќање.

Таа ги спомена и Деловник за работа на Судскиот совет, Методологија за квалитативно оценување на судиите, но и Методологија за оценување на претседателите на судовите. Ја спомена и Стратегијата на човечки ресурси за судска мрежа донесена во 2020 година, но и Методологија со индикатори за утврдување на сложеност на предмети од минатата година.

Во иднина од голема важност за Судскиот совет е имплементацијата на Меотдологијата за утврдување сложеност на предмети за да може да се прави порационален и поспроведлив план за работа на судиите, со што ќе се обезбеди ефикасност, исто така важен сегмент во враќањето на довербата во судството. Во моментов се прават интензивни напори за имплементирање на оваа методологија во АКМИС системот за да можеме и неа дигитално да ја применуваме. Определени се три пилот судови за првична примена на оваа методологија пред да преминеме на нејзина целосна имплементација, заклучи Црвенковска.

Во вториот панел, учесниците на конференцијата дискутираа за потребата од суштински реформи во областите како што се животната средина, постапувањето по случаи на родово-базираното насилство како и говорот и делата од омраза.

Конференцијата се организира со цел да поттикне дебата помеѓу правосудните институции и правните професии од една страна и граѓанските организации од друга, со цел идентификување на дополнителни реформи и мерки, неопходни за враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем во пресрет на отпочнувањето на процесот за изработка на нов стратешки документ за реформи во оваа област.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ