Мировните разговори меѓу Русија и Украина вчера навестија извесен напредок, како неминовниот крај на страдањата . Украинските власти рекоа дека земјата е подготвена да се прогласи за трајно неутрална и да се откаже од инамерите за влез во НАТО, пишува Њу Јорк тајмс.
Украинската делегација, исто така, беше подготвена да разговара за територијалните претензии на Русија во замена за „безбедносни гаранции“ од група други нации. Се очекува потешките прашања да следат во наредните разговори.
Русија рече дека „драстично“ ќе ја намали својата воена активност околу Киев за „да ја зголеми меѓусебната доверба“. Но, се чини дека е решена да заземе повеќе територии во источна Украина, каде што Русија инсталираше две сепаратистички држави кои Владимир Путин, рускиот претседател, ги призна како независни, но ниту една друга нација формално не ги призна.
Западните функционери и безбедносните аналитичари предупредија да не се земаат за веродостојни изјавите на Москва за нејзините воени цели во Киев или на друго место. Претседателот Бајден рече дека нема да донесува никакви заклучоци за намерите на Русија и нејзините воени сили „се додека не видам какви се нивните акции“. Санкциите кон Русија ќе останат на сила, рече тој.
Досега, војната ја чинеше Украина 564,9 милијарди долари штета и загуби на економската активност – приближно три пати повеќе од бруто домашниот производ пред војната. Сè уште нема сигурни проценки за цивилни жртви во Украина, а околу четири милиони луѓе ја напуштиле земјата, заедно со околу шест милиони кои се внатрешно раселени.
Во Украина историја се повторува. Репортерката Карлота Гал за Тајмс го покриваше бунтот во Чеченија пред речиси 30 години. Во Киев, таа гледа рефлексија на руската брутална тактика за опсада и таргетирање на цивили.