Руската агенција РИА Новости јави дека причина за експлозијата во рускиот воен камп во Белгородската област е човечки фактор, ова за агенцијата го соопштил неименуван извор од службите за итни случаи, пренесува МИА.
И гувернерот на белгородската област Вјачеслав Гладков претходно на својот профил на Телеграм соопшти дека причината за експлозиите сè уште не е позната.
„Експлозиите престанаа. Според извештајот на селските старешини, меѓу селаните нема настрадани. На местото на настанот пристигнала работна група на Министерството за вонредни состојби. Сега ќе се изврши уште една обиколка на селото за да се утврди евентуална штета. Причината за инцидентот ќе ја соопштам по сите преземени истражни мерки“, напиша Гладков.
Руската агенција ТАСС претходно јави дека граната погодила привремен руски воен камп во близина на границата со Украина, наведувајќи дека според првите податоци најверојатно била истрелана од украинска страна.
Предходно, Руските медиум јавија дека бил гранатаран рускиот воен камп во близина на границата со Украина. Граната погодила привремен руски воен камп во близина на границата со Украина, јави руската агенција ТАСС, наведувајќи дека според првите податоци најверојатно била истрелана од украинска страна.
ТАСС јави за инцидентот веднаш откако висок локален функционер соопшти за серија експлозии во близина на рускиот град Белгород во близина на границата со Украина.
Портпаролот на Брзата помош за РИА Новости изјавил дека во експлозијата се повредени четворица полицајци.
Претходно беше јавено дека вечерва се слушнале неколку експлозии во селото во близина на рускиот град Белгород. Белгород се наоѓа на околу 40 километри од границата со Украина. Според првите информации експлодирал магацин за оружје, но тие не беа потврдени.
Д.Мишев