Според портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, руските сили се „многу, многу блиску“ до центарот на Мариупол, пренесува инфоративната агенција МИА.
На брифингот во Пентагон Кирби ја обвини Русија дека цели цивилна инфраструктура, станбени згради и болници.
Кирби, исто така, рече дека САД ќе ги разгледаат лекциите научени од војната во „соодветно време“.
– САД ќе го разгледаат она што го научивме гледајќи како Русија не успеа, рече тој.
Руското Министерство за одбрана најави локален прекин на огнот од 9 часот по средноевропско време во Мариупол за да се евакуираат цивилите од градот.
Овој чекор треба да овозможи отворање на хуманитарен коридор кон Запорожје, објаснуваат од Министерството.
– За да успее оваа хуманитарна операција, предлагаме таа да се спроведе со директно учество на претставници на Високиот комесаријат за бегалци на ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст, се додава во соопштението на Министерството.
Украинската страна има рок до 6 часот во четврток наутро да прогласи прекин на огнот и писмено да ги извести Русија, ОН и Црвениот крст.
Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат дека спречуваат евакуација на жителите на Мариупол, кој е под жестоки напади на руските сили и со недели е опколен