• Latest

Реформата на безбедносниот систем е прашање на опстанок, членството во НАТО е мудра државничка одлука, ЦИВИЛ со осуда на обидите за политизација со пописот

March 31, 2022

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Реформата на безбедносниот систем е прашање на опстанок, членството во НАТО е мудра државничка одлука, ЦИВИЛ со осуда на обидите за политизација со пописот

March 31, 2022 17:21
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во фокусот на ЦИВИЛ безбедноста и реформите во полицијата

Се одржа панел дискусија на ЦИВИЛ „Безбедноста и реформите во полицијата: Поблиску до граѓанките и граѓаните“ на која учествуваа Снежана Петровиќ Арсовска, Жаклина Просароска и Тони Станковски од МВР и Александар Србиновски од Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на панелот се осврна на концептот „Полицијата во служба на граѓаните“.

“Кога го воспоставивме концептот „Полицијата во служба на граѓаните“, како раководство на МВР тргнавме од премисата дека продлабочувањето на партнерството помеѓу граѓаните и полициските службеници, ќе произведува поефективни резултати за безбедноста и сигурноста, во одржувањето на јавниот ред и мир, и во заштитата на материјалните добра“, посочи меѓу другото Спасовски.

Снежана Петровиќ Арсовска, началничка на Сектор за правни работи во МВР вели дека реформите во полицијата се еден долг процес.

„На почетокот треба да имате едно видување каде сме и која е нашата визија и цели, кои се стандардите и потребите што треба да ги постигнеме и до каде треба да дојдеме за да со задоволство можеме да кажеме дека тој процес пред сè не значи менување на нешто што постои, туку негово подобрување“.

Арсовска нагласи дека за прв пат во Законот за внатрешни работи се предвидува полагање на тест за интегритет на кандидатите за вработување во Министерството што е различно од тестот за професионален интегритет на работниците што работат во МВР.

Жаклина Просароска од МВР се осврна на потребата на реформите во полицијата, во однос на промените во различни домени во општеството.

„Гледано од аспект на полициски службеник и полициски советник, којшто ги поставува прашањата на едно малку по стратешко ниво, јас велам дека реформите во полицијата ги детерминира потребата за промена на методологија на работа, којашто произлегува од промената на законските регулативи, промената на националното законодавство и потребата методологијата да се адаптира на современите потреби. Појавата на нови појавни облици на криминалитет, етиологијата и феноменологијата на криминалитетот којшто постојано се менува, и којшто ги надминува границите на тоа дека на една годишна основа, Министерството ги поставува истите приоритети. Не, приоритетите се менуваат во зависност од промените што се случуваат во појавните форми на криминалитет, демографските карактеристики на населението, миграциите коишто се случуваат, исто така предизвикуваат потреба од менување на полицијата од аспект на организација…“, вели Просароска.

Александар Србиновски од Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал вели дека отвореноста кон медиумите и кон јавноста на полицијата е од круцијално значење…

„Еднаквиот пристап до информации е многу битен како од новинарска гледна точка, така и од организации што се занимаваат со превенција и активности што превенираат организиран криминал, затоа што тие се битни за градење на демократичноста на едно општество. Затоа го подржувам процесот на реформи во полицијата“, додаде Србиновски.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Кога го воспоставивме концептот „Полицијата во служба на граѓаните“, како раководство на МВР тргнавме од премисата дека продлабочувањето на партнерството помеѓу граѓаните и полициските службеници, ќе произведува поефективни резултати за безбедноста и сигурноста, во одржувањето на јавниот ред и мир, и во заштитата на материјалните добра“, изјави министерот за Внатрешни работи, Оливер Спасовски на панелот на ЦИВИЛ „Безбедноста и реформите во полицијата“.

ВОЈНА ВО УКРАИНА 

„Не веруваме никому – не веруваме на ниту една убава вербална конструкција. На бојното поле има реална ситуација. И сега – ова е најважното нешто. Нема да се откажеме од ништо. И ќе се бориме за секој метар од нашата земја, за секој наш човек“, рече украинскиот претседател Володиир Зеленски во синоќешното видео обраќање на 35 ден од руската агресија на Украина.

„Веќе некое време во руската информативна средина и преку таканаречената руска дијаспора кружат гласини дека сирачињата се изнесуваат од Украина преку Полска и Турција како идни донатори на органи. Откако оваа лага беше пуштена по информативни канали, се прави обид истата да се официјализира“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на групата Информативен отпор пренесува Укринформ.

Според портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, руските сили се „многу, многу блиску“ до центарот на Мариупол, пренесува инфоративната агенција МИА.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ММФ Војната во Украина ќе го забрза, според Гопинат (ММФ), и преминот кон дигитални валути од обични криптовалути до тие што се фиксирани со класичните валути и стоки, како и дигиталните варијанти на постоечките валути кои го издаваат централните банки. САД, ЕУ и нивните сојузници воведоа низа санкции врз Русија поради нејзината инвазија врз Украина.

ПОДДРШКА Австрија бара ЕУ да го одржи зборот и дадените ветувања кон Република Северна Македонија, а Скопје да не ја губи довербата во ЕУ. Евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан, според Виена, е прашање на стабилноста и безбедноста на ЕУ, особено во контекст на новонастаната ситуација по руската агресија во Украина, пренесува МИА.

ПРАВДА Транспарентноста, отвореното судство и примената на стандардите и практиката на Европскиот суд за човековите права ( ЕСЧП) се едни од клучните заложби на Врховниот суд за спроведувањето на потребните реформи и за враќање на довербата кон судството, вели за МИА претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми по повод 31 март –  Денот на македонското правосудство.

СРЕДБА Премиерот Димитар Ковачевски, се сретна со Мелани Хулм, државна министерка за Европа и меѓународни односи на покраината Баварија при Сојузна Република Германија, соопштуваат од владината прес служба. На состанокот е констатирано дека е од големо значење Република Северна Македонија да направи исчекор во европските интеграции, бидејќи пандемијата и посебно војната во Украина покажаа дека е важно државите во Европа да дејствуваат заедно, а дека местото на Западен Балкан е во ЕУ.

ДИСТРИКТ

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Славјанка Петровска, министерка за одбрана во Владата на Република Северна Македонија, зборува за: НАТО – предности наспроти неповолности, безбедности наспроти опасности, обврски наспроти можности како и за руската агресија врз Украина и македонската актуелна дипломатска и воена позиција и за уште по нешто.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ ги осудува обидите за понатамошна политизација, негирање и манипулација со резултатите од пописот

Пописот 2021, наспроти сите предизвици, почнувајќи од проблемите поврзани со КОВИД-19, завршувајќи со политизирањето и опструкциите од националистичките партии и радикални групи, заврши успешно. По речиси 20 години, во нашата земја конечно се спроведе попис. Меѓународната заедница, Владата на Република Северна Македонија, Државниот Завод за статистика и експертската заедница го оценија процесот на спроведување на пописот како успешен и темелен.

ЦИВИЛ спроведе сеопфатен мониторинг на процесот на спроведувањето на пописот во изминатите две години, од раните најави до конечното спроведување. На својата медиумска платформа, ЦИВИЛ објави 534 содржини директно поврзани со пописот, одржа 25 јавни настани на кои учествуваа повеќе од 50 релевантни експерти. Тимот на ЦИВИЛ во соработка со видни експерти, подготви и објави 20 анализи за сите значајни аспекти на процесот. ЦИВИЛ спроведе и анкета со повеќе претставници на граѓанското општество во земјата.

СЛОБОДНА ЗОНА

Сашо Орданоски

„Kога ќе поминат овие четири-пет дена на пописни анализи, а фејсбук-експертите за вакцини, за енергетика, за европската и светска безбедност, за фудбал, за морал и за статистика ќе си најдат нова тема за тролање, пописните податоци ќе останат да сведочат за времето во кое живееме: многумина си заминале од државата, оние што останале многу сакаат да си купат стан и да живеат во Скопје, просечно сме остареле за десетина години во изминатите дваесет, а и деца сѐ повеќе нѐ мрзи да правиме… Што ли ќе биде кога за неколку месеци ќе се објават сите податоци од пописот, па ќе видиме колку сме просечно образовани, најадени, разведени, здрави, измиени… Без попис некако поубаво се живееше, си имавме високо мислење за себе, лични и симпатични“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Без попис некако поубаво се живееше“.

Љубомир Костовски

„Затворена во својата автократска структура СОНК одамна е политичка играчка на ВМРО ДПМНЕ. Кај функционерите на другата најголема партија, кога таа беше на власт, синдикалците не смееја да побараат и кафе на состаноците. Но затоа онаа другата власт мораше да биде подвргната на постојано малтретирање кое многу често немаше врска ниту со реални синдикални барања, уште помалку со реалните можности. Се масакрираше образовниот процес во барање на еден ѓеврек (20 денари) приде во надоместот за хранарина“, пишува Љубомир Костовски во анализата „Синдикалните лидери во борба за бајатиот ѓеврек“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ