• Latest

Ковачевски: Податоците од пописот се основа за реални и насочени политики за развој, треба да се изнајде избалансирано решение за раст на платите во образованието 

April 2, 2022

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ковачевски: Податоците од пописот се основа за реални и насочени политики за развој, треба да се изнајде избалансирано решение за раст на платите во образованието 

April 2, 2022 09:55
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, во интервју за емисијата „360“ за ТВ Алсат-М, истакна дека пописот е статистичка операција, а не етничка, ниту политичка операција, и државата го спроведе со цел да ги имплементира своите економски и развојни политики врз основа на бројки, информираат од владината прес служба.

„Јас имам работено 22 години во реалниот сектор и секогаш кога се прави деловен план за почетокот на следната година се земаат податоци за резидентното население во државата. Податоците од официјалниот последен попис за население даваа погрешни инпути во старт во деловното планирање и во други планирања во општествени сфери, и тоа едноставно повеќе не беше одржливо“, нагласи премиерот Ковачевски.

Ковачевски додаде дека што се однесува до етничката застапеност намалувањето на бројот на населението и тоа намалување е исто распределено кај сите етнички заедници, и дека тоа е заедничко за сите земји од Балканот.

„Затоа овој попис е од значење за да креираме економски политики кои што ќе се свртат кон човечкиот капитал, кон инвестициите и кон отворање на поголеми можности, особено за младите да останат во земјата“, рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека пописот е спроведен врз основа на методологија која што е одобрена од страна на „Евростат“ и со присуство на експерти од ЕУ со користење на најсовремена техника и плус се работи за комбиниран модел на попис при што се користени 9 бази на податоци од најразлични институции од државата со цел да се добијат вкрстени податоци.

Сега кога се објавија податоците, посочи премиерот Ковачевски, пописот го критикуваат тие што правеа најголеми опструкции, и додаде дека освен што пописот се спроведе во услови на ковид, тој се соочи со активен и скриен бојкот од опозицијата, односно од Левица и ВМРО – ДПМНЕ.

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „360“ на ТВ Алсат-М, истакна дека дијалогот со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) е отворен и дека се разговара за рамка, односно методологија која што ќе овозможи без политички влијанија во иднина да расте платата на работниците во овие дејности.

Тој дополни дека се прават консултации и калкулации во Министерството за образование и наука и во Министерството за финансии за да се видат можности што буџетот може да го поддржи во оваа кризна година.

„Јас сметам дека треба да има зголемување на платите во образованието, меѓутоа мора да бидеме свесни дека ова е најкризната година после Втората светска војна и мораме да се грижиме државата да може да ги финансира сите свои обврски што ги презеде. Гледате дека и во најголема криза ја покачивме минималната плата и ги зголемивме пензиите коишто се плаќаат пред време“, нагласи премиерот Ковачевски.

Премиерот посочи дека во овој случај, одговорноста не е само во едноставно зголемување на платите, и дека постои можност за дополнителен инфлаторен притисок. „Разговарав со претставниците на советот на Народната Банка, од причина што доколку ги зголемите платите колку што е вкупно барање на синдикатите, тоа може да произведе дополнителен инфлаторен притисок. А дополнителен инфлаторен притисок ќе значи дека и платата која ќе ја добијат работниците, таа после многу кратко време нема да вреди. Ако се зголеми инфлацијата тогаш обврската на Народната Банка е да интервенира преку зголемување на каматните стапки, што значи дека и долговите кои што ги имаат тие граѓани на тековни сметки на кредитни картички со зголемувањето на каматните стапки, ќе се зголемат и нивните обврски за плаќање. Затоа мора да се балансира решението помеѓу она што го бара синдикатот и она што го нуди како можност буџетот бидејќи веќе сите тие граѓани добиваат субвенција за струја, намалено ДДВ за храна итн.“.

„Сите работници, особено вработените во образованието заслужуваат поголеми плати затоа што образовниот сектор е тој кој што го креира човечкиот капитал кој што го имаме во државата а кој што гледаме дека ни се намалува. Наша обврска, како одговорни луѓе, да ги зголемуваме платите и тоа да го постигнуваме низ економско-социјален дијалог, со решенија кои Буџетот одржливо ќе ги сервисира“, посочи претседателот на Владата Ковачевски во емисија на ТВ Алсат-М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ