Украинската сили по тешки борби го ослободија градот Буча, во близина на Киев. На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат безживотни тела на улиците на градот.
18+ #Буча. Цивільні зі зв’язаними руками та розстріляні.
Це якийсь незрозумілий піздєц.
Риторичне питання, “за що”? pic.twitter.com/pTzjP9s4XU— J.B.E.Zorg (@J_B_E__Zorg) April 1, 2022
Советникот на украинскиот министер за надворешни работи Антон Герашченко на Твитер објави видео и напиша дека градот е бомбардиран, изгорен , ограбен и срамнет со земја,
– Пред еден месец Буча беше прекрасно, модерно предградие на Киев. Денес се гледаат само амбари бомбардирани и изгорени, куќи ограбени до последната лажица или срамнети со земја, млади семејства убиени, мажи исчезнати, жени силувани – напиша Герашченко.
Bucha a month ago – a beautiful modern #Kyiv suburb. #Bucha now- stables bombarded and burned, houses robbed to the last spoon, or wrecked to the ground, young families killed, men gone missing, women raped.
wrecked, robbed houses, wrecked or lost lives. #StandWithUkraine pic.twitter.com/FNKbyzdYHr
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) April 1, 2022
Според дел од западните медиуми во градот е пронајдена масовна гробница и дека во неа има околу 300 тела, најмалку 20 мртви мажи во цивилна облека биле пронајдени на една улица откако украинските сили ја презедоа контролата врз Буча, Сè уште не е утврдена точната причините за смртта, иако најмалку едно лице има голема рана на главата.
https://www.youtube.com/watch?v=lLygHtY3wBg&t=3s
Во моментов, во градот се ангажирани борците од полкот формиран за специјални намени на Националната полиција САФАРИ, во кој има претставници на специјални полициски единици, борци на КОРД и Тор, како и специјалисти на службата за експлозиви.
Денеска, 2 април, во ослободениот град Буча, регионот Киев, специјалните единици на Националната полиција на Украина започнаа со расчистување на областа од диверзанти и соучесници на руските агресори. Специјалисти на Службата за уништување експлозивни направи ги проверуваат местата на воените злосторства на Руската Федерација и запленуваат експлозивни направи и муниција што не се активирале.
Службениците за спроведување на законот го проверуваат секој двор и засолниште, комуницираат со луѓето и им пружаат помош на локалните жители.
Граѓаните кои мораа да ги издржат ужасите на окупацијата максимално и помагаат на полицијата. Полицијата прави се за да го воспостави редот и поредокот на ослободените територии за локалните жители што поскоро да се вратат во родниот град.
Д.Мишев