• Latest

Доделени наградите „Никола Младенов 2021“, одбележани 20 години од основањето на МИМ

April 7, 2022
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
Фото: Руска нафтена инсталација. Скриншот од видео на MIRROR NOW

Кина ја зграпчува руската нафта откако побарувачката од Индија се намалува по царините на Трамп

August 20, 2025

Во јуни исплатени 830.336.364 денари за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Доделени наградите „Никола Младенов 2021“, одбележани 20 години од основањето на МИМ

April 7, 2022 22:50
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Новинарката Ирена Каревска е добитник на наградата за најдобра истражувачка сторија „Никола Младенов 2021“, што вечерва ја додели Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Таа наградата ја добива за серијалот од 10 ТВ прилози преку кои го истражува случајот со набавката на софтвер за автоматско казнување на сообраќајни прекршоци од страна на поранешниот секретар на Владата Драги Рашковски, објавени во емисијата „360 степени“ на Алсат ТВ.

Новинарката Катерина Топалова е добитничка на наградата за најдобар иновативен новинарски производ, а фоторепортерот Игор Бансколиев  за фотографијата на тема „Херојот од Дељадровце“ објавена во дневниот весник „Нова Македонија“ е добитник на наградата за најдобра репотерска фотографија.

На годинашниот конкурс објавен на 9 февруари и траел до 7 март пристигнале 29 стории обработени низ 88 текстови и видео прилози во категоријата најдобра истражувачка сторија, 13 стории во категоријата најиновативен новинарски производ и 15 фотографии во категоријата најдобра репортерска фотографија.

Одлуките ги донесе Комисијата за доделување на новинарските награди во состав Јадранка Костова, главна уредничка на „Фокус“, Борис Грданоски – фоторепортер, Александар Манасиев, Верица Јорданова, претседателка на Управниот одбор на МИМ и Билјана Петковска, директорка на МИМ.

Комисијата одлучи да додели пофалница за истакнат новинарски ангажман во категоријата најдобра истражувачка сторија на новинарот Влатко Стојановски. Комисијата изразува задоволство од квалитетот на пристигнатите трудови, особено во категоријата истражувачки стории. Одлуките на Комисијата се донесени едногласно, а членовите го истакнуваат квалитетот на неколку пријавени стории како на Гоце Трпковски, на Бојан Шашевски, Валентина Вурмо и Соња Колевска-Делевска.

Каревска се заблагодари за наградата и рече дека за неа тоа е обврска да остане во оваа професија, која како што рече, не е така атрактивна кај нас. Посочи дека многу млади новинари немаат услови и шанса за да ја работата својата работа и да бидат чувари на демократијата. Изрази надеж за позитивни промени и на што повеќе новинарски стории кои ќе предизвикаат промена.

 

Директорката на МИМ Петковска нагласи дека од самиот почеток се залагаат новинарството во земјава да го добие статусот на јавно добро за кое треба да се грижат сите, особено медиумите чиј интегритет е клучен за остварување на оваа цел. Се осврна на работата во изминатите 20 години, на развојот на технологијата и влијанието врз новинарските содржини.

Според неа, нашата држава, пред се, политичките елити во спрега со бизнисот не направија значителни чекори со кои ќе помогнат новинарството и медиумите да го добијат општествениот стаус кој има припаѓа. На медиумите и на новинарството, како што рече, се уште се гледа како на алатка за добивање и одржување на моќта.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ