• Latest

Средба на Ковачевски со Едштадлер и Лајчак, во фокусот итното отпочнување на пристапните преговори со ЕУ

April 8, 2022

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Средба на Ковачевски со Едштадлер и Лајчак, во фокусот итното отпочнување на пристапните преговори со ЕУ

April 8, 2022 12:09
in ВОЈНА ВО УКРАИНА
Share on FacebookShare on Twitter
Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на неговата работна посета на Република Грција, по повод учеството на Економскиот форум Делфи, оствари средби со австриската министерка за европски прашања, Каролин Едштадлер и специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, информираат од Владата.
Премиерот Ковачевски и австриската министерка за Европа Едштадлер го изразија взаемното задоволство од одличните билатерални односи меѓу двете земји која се изразува и во недвосмислената поддршка на Австрија за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.
Премиерот Ковачевски со австриската министерка за европски прашања, Каролин Едштадлер на Економскиот форум Делфи

Австрија е еден од најголемите инвеститори во земјата со преку 45 компании присутни на пазарот во нашата земја, потенцираше на средбата премиерот Ковачевски, и додаде дека оптимистички делува и најавениот интерес на австриските компании да вложуваат во секторите енергија, градежништво, банкарство и осигурување.

Премиерот Ковачевски и министерката Едштадлер разговараа за можностите дополнително да се поттикне економската соработка меѓу двете земји за што потенцијал се гледа и во постојаниот раст на трговската размена која минатата година достигна 200 милиони евра со што е забележан раст во однос на 2020 година кога трговската размена оствари вредност од 176 милиони евра.

Во однос на заедничкиот интерес за прашањата за интеграцискиот процес на Северна Македонија, премиерот Ковачевски на средбата истакна дека сега е совршениот тајминг за итно забрзување на процесот за отворање на пристапните преговори за Северна Македонија, затоа што на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан треба да се гледа од геополитички аспект, како безбедносно прашање клучно за стабилноста и просперитетот на регионот и на Европа.

Северна Македонија, нагласи премиерот Ковачевски, постигна 100% усогласеност со надворешната политика на ЕУ, и како кредибилен партнер ги споделува истите вредности на слободниот и демократски свет.

Северна Македонија ја осуди руската агресија на Украина и заедно со земјите членки на ЕУ и НАТО, неиспровоцираната и неоправдана војна на територијата на една суверена држава ја оцени како најсериозна закана за европската безбедност по Втората светска војна, која нанесе огромно страдање на украинскиот народ.

На средбата меѓу претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски и австриската министерка за европски прашања Каролин Едштадлер беше изразено задоволството на двете земји во соработката на безбедносните прашања со постојната поддршка на австриските полицајци во процесот на надзорот и контролата на македонската јужна граница, како и од помошта со противпожарни сили за време на летните пожари во Северна Македонија во 2021 година.

Ковачевски, на Економскиот форум Делфи во Грција, исто така оствари средба и со специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.Во фокус на средбата беше актуелната кризна состојба во Европа предизвикана од руската воена агресија врз Украина која што Северна Македонија ја осуди како брутално кршење на меѓународното право и го дава својот придонес во организирање ефикасна помош за украинските бегалци и во зајакнување на источното крило на Алијансата како одговор на можни непредвидени ситуации.

За време на разговорот, премиерот Ковачевски и специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак се согласија дека војната во Украина предизвикува негативни последици за стабилноста на Европа и посебно за Западен Балкан, при што беше речено дека соодветна реакција на овие последици е забрзувањето на процесот за интеграција на земјите од регионот и итни преговори со Северна Македонија како приоритет.

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски на средбата со Лајчак посочи дека во дијалогот Скопје-Софија има напредок за кој е неопходна поддршка од Брисел за да се дефинира преговарачката рамка и да се постави цел за колку што е можно побрзо одржување на Првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со Европската комисија како почеток на процесот за затворање на поглавјата за членство во ЕУ.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ