Компанијата „Русал“ повика на „брзо и мирно решавање на конфликтот со цел да се спасат бесценети човечки животи и да се врати нормалниот живот“.
Алуминиумската компанија на Олег Дерипаска „Русал“ стана првата руска компанија која објави повик за истрага на воените злосторства во Украина по масакрот во Буча.
За разлика од многу други големи руски извозници Русал и нејзиниот основач Олег Дерипаска, не се под санкции. Војната и глобалниот одговор на неа ги оштетија синџирите на снабдување на компанијата.
„Извештаите од украинскиот град Буча не шокираа. Ние веруваме дека ова злосторство треба темелно да се истражи. Ние се залагаме за објективна и непристрасна истрага за ова злосторство и повикуваме на строга казна за одговорните. Колку и да изгледа тешко во контекстот на тековната информациска војна“, се вели во изјавата на претседателот на одборот на директори на Русал, Бернард Зоневелд.
Русал повика и на „брзо и мирно решавање на конфликтот со цел да се спасат бесценети човечки животи и да се врати нормалниот живот“.
Во исто време, соопштението на компанијата, објавено на 6 април, не содржи конкретни обвинувања против никого во врска со настаните во Буча.
Претходно Телеграф објави дека геноцидот на Украинците во Буча го потресе светот. На злосторствата на војската на Путин реагираа САД, ЕУ, Израел и многу други земји. Во исто време, продолжуваат да се појавуваат нови докази за окупацијата во регионот на Киев. Така, еден жител на Буча рекол дека руските напаѓачи пукале во цивили без причина. Неговиот сосед бил убиен од руската војска, иако тој ги кренал рацете нагоре како да се предава. Има информации за многу силувани и запалени жртви, меѓу кои и деца.
подготви: Жорж Димовски