• Latest

Централен регистар: Досега против решението за упис на основање на здружението Културен Центар Иван Михајлов Битола не е поднесена жалба

April 19, 2022

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Централен регистар: Досега против решението за упис на основање на здружението Културен Центар Иван Михајлов Битола не е поднесена жалба

April 19, 2022 15:31
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Пријавата за упис на основање на Здружение Културен Центар Иван Михајлов Битола, до Централен регистар е доставена од страна на лицето Љупчо Ѓоргиевски на 13 март 2019 година, заедно со прилог докази согласно член 42 од Законот за здруженија и фондации, вклучително и Изјава заверена на нотар за немање законски наследници до трет наследен ред за лицето Иван Михајлов и Известување од Министерство за правда од 05 март 2019 година, дека не е во можност да издаде одобрение од причина што во Министерството не се води регистар на историски личности, информираат од Централниот регистар, пренесува МИА.

По комплетирање на целокупната документација, од страна на Централен регистар на ден 15 март 2019 година е донесено Решение за упис на основање на Здружението Културен Центар Иван Михајлов Битола.

-Централниот регистар сметал дека во запишаните цели и програма на делување нема елементи кои се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост, не се преземаaт активности поврзани со тероризам, активности кои се спротивни на Уставот или закон, ниту се повредуваат слободите и правата на други лица, за што е одлучено на начин што е донесено Решение за упис, се вели во соопштението од Централниот регистар.

Централниот регистар потенцира дека од денот на основањето на здружението 15.03.2019 година, до ден денес не е поднесена жалба против решението за упис на основање.

Во соопштението од Централнот регистар, ваквата одлука се објаснува со:

„Што треба да е содржано во името на организацијата е регулирано со член 8 и 9 од Законот за здруженија и фондации. Во ставот 4 од член 8 е утврдено дека за прашања кои не се уредени со овој закон се применуваат одредбите од законот со кој се уредува име на фирма на трговско друштво. Поимот и името на фирмата во Законот за трговските друштва е регулиран со повеќе одредби и тоа од член 44 до 59.

Согласно член 49 од Законот за трговските друштва – Во фирмата може да се внесе име и презиме на историска и друга позната личност само со согласност на личноста, или, ако е почината, со согласност на нејзините сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда.

Во врска со наведените законски одредби Централниот регистар известува дека кон пријавата за упис на основање била доставена Изјава заверена кај нотар од застапникот по закон на здружението – лицето Љупчо Ѓоргиевски со која под морална, материјална и кривична одговорност тврди дека лицето Иван Михајлов нема законски наследници до трет ред во права линија. Согласно истите одредби во врска со кои доколку нема наследници, согласност дава Министерството за правда.

Во отсуство на издадено Решение за Согласност од страна на Министерството за правда кон Пријавата за упис е доставено Известување од Министерство за правда со бр. 11-423/2019, од 05.03.2019 година, со кое се известува подносителот дека Министерството за правда не е во можност да издаде одобрение од причина што во Министерството не се води регистар на историски личности или каков било друг документ со кој може да се утврди статусот на историска личност и употребата на нејзиното име.

Централниот регистар го зема во предвид известувањето од Министерството за правда за немање регистар за историски личности но, исто така, не е предвидено дека друг државен орган води регистар на историски личности. Или, со други зборови, не постои надлежен државен орган кој може да издаде одобрение за употреба на име на личност.

Впрочем, од досегашната пракса, ваков тип на Известување од Министерството за правда се издава постојано при упис на правни субјекти кои во својот назив содржат податоци за лично име. Оттука, во Регистарот на Здруженија и Фондации постојат многу субјекти кои содржат име на личност.

Имено, Централниот регистар не може да го спречи загарантираното уставно право на граѓаните за слобода на здружување заради остварување на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања како темелна вредност определено во член 20 и член 48 од Уставот на РСМ.

Централниот регистар сметал дека во запишаните цели и програма на делување нема елементи кои се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост, не се преземаaт активности поврзани со тероризам, активности кои се спротивни на Уставот или закон, ниту се повредуваат слободите и правата на други лица, за што е одлучено на начин што е донесено Решение за упис.

Централниот регистар потенцира дека од денот на основањето на здружението 15.03.2019 година, до ден денес не е поднесена жалба против решението за упис на основање. Согласно член 66 од Законот за здруженија и фондации секој може да поднесе пријава за забрана на организацијата пред надлежен јавен обвинител доколку дејствувањето е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост, активности поврзани со тероризам, презема активности кои се спротивни на Уставот или закон и се повредуваат слободите и правата на други лица.

Согласно член 110 од Уставот на РСМ, Уставниот суд, покрај другото, одлучува и за уставноста на програмите и статутите на политичките партии и здруженијата на граѓаните.

Понатаму, во надлежност на Уставниот суд е и укинување и поништување на Статут и Програма на здружение, доколку утврди дека истите не се во согласност со Устав или закон.

Централен регистар нема сознание за покрената иницијатива пред Уставен суд за оценка на уставноста на основачките акти на Здружението.“

На крајот, Централен регистар на Република Северна  Македонија ја поздравува иницијативата за измена на Законот за здруженија и фондации кој е донесен во 2010 година и истиот е потребно да се измени и дополни за надминување на сите правни бариери и недоречености.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ