• Latest

Младите со јасни и остри ставови на панелот на ЦИВИЛ, руските злосторства во Украина, на образовните работници ќе им се исплатат само придонеси

April 20, 2022
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Младите со јасни и остри ставови на панелот на ЦИВИЛ, руските злосторства во Украина, на образовните работници ќе им се исплатат само придонеси

April 20, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ЦИВИЛ денеска одржа панел дискусија „Европските вредности кај младите: Правци и беспаќа“, на кој се зборува за за младите и европските вредности, еднаквата основа за развој во различни сфери и аспекти, како што е застапувањето, образованието, вработувањата…

Учесници на панелот се Бленди Ходаи, поранешен претседател на Сојуз на студенти, Веса Синани, средношколшка и активистка и Мустафа Јакупов, од „РеРома“ од Кратово.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руската војска продолжува да се соочува со просторни, логистички и технички предизвици за време на нивниот напад врз источниот украински регион Донбас, при што украинските вооружени сили ги одбиваат нивните напади, пренесува  Укринформ разузнувачки информации од  Министерството за одбрана на Велика Британија.

*

Војниците на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, испратени да се борат во Украина, застрелаа неколку руски војници кои се побунија поради неплаќањето на ветените пари и одбија да се борат, соопшти портпаролот на украинската војска во Запорожје, полковник Иван Арефиев, пренесува Заксид.нет.

Инцидентот се случил во областа Полохи во областа Запорожје. Според портпаролот,  кадировците брутално убиле тројца поттикнувачи на бунтот, кои биле подготвени да го предадат оружјето и да си одат дома.

Во исто време не престанува и снабдувањето со оружје на руската армија во областа Запорожје.

*

„Советот за безбедност на ОН нема да и помогне на Украина се додека негов член е земјата агресор – Русија, а состаноците за нејзината војна против Украина се губење време“, изјави Сергеј Кислица, претставник на Украина во Обединетите нации во вчерашниот говор на состанокот на Советот за безбедност на ОН.

Тој истакна дека од јануари се одржани повеќе од десет состаноци за руската агресија врз Украина.

*

„Завршува 55-тиот ден од нашата одбрана од руската агресија од големи размери. Во моментов, практично целиот борбено подготвен дел од окупаторската армија е концентриран на територијата на нашата држава и во пограничните области на Русија. Тие ги донесоа против Украина речиси сите и речиси се што може да војува со нас“, изјави украинскиот претседател Воломир Зеленски во своето редовно видео обраќање.

ДИСТРИКТ

Хоџиќ: Руската агресија врз Украина е ужасно злосторство

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Џелал Хоџиќ – Претседател на политичката партија „Странка на демократска акција на Македонија“, но и граѓански активист, хуманист, посветен борец за човекови права, за едно општетсво за сите, зборува за украинскиот ужас, политиката, власта, опозицијата, изборите, пописот, иселувањето и за уште по нешто.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Панел дискусија на ЦИВИЛ за дезинформациите, пропагандата и проруските наративи во медиумите

ЦИВИЛ ќе ја одржи втората панел дискусија од серијалот „Зад димната завеса“ в четврток, 21 април, со почеток во 13 часот. Настанот ќе се емитува во живо, на Фејсбук и Јутуб. Тема на панел дискусијата е „Дезинформациите и пропагандата во медиумите: Влијание на проруските наративи врз евроатлантската ориентација на Северна Македонија“.

Учествуваат универзитетскиот професор д-р Никола Дујовски и новинарите Љубомир Костовски од „Глобус“ и Дејан Андоновиќ од „Слободен печат“. Модераторка на дискусијата ќе биде Биљана Јордановска, ЦИВИЛ.

ИЗЈАВИ

Тренчевска: На вработените кои штрајкуваат ќе им бидат исплатени само придонеси

„На вработените во образованието и детските градинки кои штрајкуваат државата ќе им исплати само придонеси… Не се работи за притисок, ниту за  каква било уцена, туку за почитување на законите и Колективниот договор. Во Колективниот договор за детска заштита за градинките кои се во надлежност на МТСП, убаво е дефинирано што треба да се прави во случај на штрајк и што е должен да направи работодавачот. Истото е дефинирано и во Законот за работни односи каде се вели дека во услови на штрајк работодавачот е должен да исплати придонеси на сите оние работници кои штрајкуваат на најниската основица за исплата на придонесите. Следниот член – 241 дава можност СОНК да обезбеди исплата на нето плата за сите оние работници кои штрајкуваат. Затоа сметам дека се работи само за почитување на законите, а не за какви било притисоци или уцени од страна на МТСП врз вработените во градинките кои штрајкуваат“, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

ФЛЕШ ВЕСТИ

СТАВ Отворањето на Културниот центарот во Битола и тоа со име на еден учесник или соработник на Хитлер, на фашистичкиот окупатор, за мене е неприфатливо, тоа претставува провокација и нема никако да придонесе кон подобрувањето на односите, ниту ќе ја подобри климата во Бугарија, ниту ќе ја подобри климата во Северна Македонија, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

ОБРАЗОВАНИЕ Министерот за образование и наука Јетон Шаќири очекува дека на состанок на членството и раководството на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) денеска ќе биде прифатен вчерашниот заклучок на Владата – со ребалансот на Буџетот да се обезбедат пари за зголемување на платите на вработените во образованието и градинките за 10 проценти и дека штрајкот ќе биде прекинат, а социјалниот дијалог ќе продолжи за другите барања на Синдикатот.

ПРОВОКАЦИИ Премиерот Димитар Ковачевски со видео обраќање се осврна на провокациите што по повод отворањето на бугарскиот клуб во Битола поттикнаа говор на омраза и недоверба со намера да ги поткопаат и стават под сомнение досегашниот напредок во дијалогот меѓу Скопје и Софија постигнат од силната определба со јасна визија и лидерство од двете страни може да се дојде до достоинствено решение на споровите за заедничка иднина во ЕУ

ИНИЦИЈАТИВА Сојузот на синдикати на Македонија денеска соопшти дека ќе поднесе иницијатива до Собранието да се донесе законско решение со кое ќе им овозможи на пратениците, кои најавија дека ќе поднесат измени на Законот за трговија, да работат во недела.

Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ