• Latest

Сто дена влада, учениците од утре на настава, започна истрага за воените злосторства во Украина

April 26, 2022
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
Фото: На 7 мај, Јодл потпиша безусловен „Акт за воено предавање“, Wikipedia

Историски факти: Кога е Денот на победата над фашизмот

May 9, 2025

Ден на Европа: Зачетоци, формирање, значење и одбележување

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Сто дена влада, учениците од утре на настава, започна истрага за воените злосторства во Украина

April 26, 2022 15:53
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Ковачевски: Во првите 100 дена ги поставивме темелите за ефикасно, чесно и одговорно владеење, остваривме историски раст на минималната плата и пензии

Владата на Република Северна Македонија денеска одржа тематска седница посветена на остварувањата и достигнувањата на Владата и министерствата во првите 100 дена од работењето, соопштуваат од владината прес служба. На седницата премиерот Димитар Ковачевски кој претседаваше со седницата соопшти дека со оваа седница, како и со настаните кои ќе се случуваат во наредниот период, тој, вицепремиерите и министрите, ќе ги сублимираат и презентираат досегашните обемни остварувања.

Ковачевски нагласи дека одговорно и со целосна посветеност и внимание во Владата во првите 100 дена се фокусираше на формирање и на хармонизирање на новиот тим за да ги подготвиме и спроведеме најсоодветните одговори за сериозните предизвици кои нѐ очекуваа.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Непријателот може да ги уништи ѕидовите, но не може да ги уништи темелите на кои стои моралот на војниците и на целата земја“, напиша претседателот на Украина, Володимир Зеленски на Телеграм и објави фотографии кои ги прикажуваат последиците од руското гранатирање.

ВОЈНА ВО УКРАИНА 

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш бара начини да ги запре борбите во Украина што е можно побргу. Гутереш го изјави ова за време на денешната посета во Москва, јавија локални медиуми, пренесува МИА.

Истрага за воените злосторства извршени од руските трупи во Буча и други региони на Украина од почетокот на воената агресија.

Експлозиите во Транснистрија, одметнатата проруска територија на Молдавија, украинското Министерство за одбрана ги опиша како „планирана провокација на руските тајни служби“, пренесува МИА.

Тврдењето на Москва дека постои „реална“ опасност од избивање на Трета светска војна значи дека Русија ја губи војната против Украина, ја пренесува Укринформ објавата на Твитер украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОЈО Жител на Мешеишта осомничен за загрозување на сигурноста на британската амбасадорка.

СОНК и Владата се договорија за зголемување на платите од 12 проценти, учениците продолжуваат со настава од утре.

ИНТЕГРАЦИИ „Крајно сум разочаран што сè уште разговараме за почеток на преговори со Северна Македонија и со Албанија. Мислев дека ова прашање го решивме пред две години, но сега повторно се врати на масата“, порача денеска од Софија еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји во своето обраќање на Форумот за односите меѓу Европската Унија и Балканот (EU meets Balkans).

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ  ќе ја одржи третата панел дискусија од серијалот „Зад димната завеса“ во четврток 28 април со почеток во 13 часот. Настанот ќе се емитува во живо, на Фејсбук и Јутуб. Тема на панел дискусијата е „Дезинформациите и пропагандата во медиумите: Влијание на проруските наративи врз евроатлантската ориентација на Северна Македонија“.

Учесници на настанот ќе бидат проф. Весна Попоска од Универзитетот „Визион“ – Гостивар, Зоран Бојаровски владин советник за медиумски реформи и Филип Стојановски од Метаморфозис.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Експерти за руска пропаганда шират дезинформации за наводното одземање на документи од архивата на ОБСЕ во Мариупол, кои наводно сведочат за „злосторствата извршени од вооружените сили на Украина“, информираат од украинскиот Центар за спротивставување на дезинформации при Националниот совет за безбедност и одбрана, пренесува Укринформ.

ДИСТРИКТ

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Катерина Златановска Попова – тренер и обучувач за меки вештини и експерт за развој на кариера. Зборува за поинакви погледи, за поинакви можности, за нови животни работни шанси за младите и не само за нив, за нужноста од нестандардно, неконвенционално размислвање за својата сегашност, за својата иднина и за иднината на заедницата.

СЛОБОДНА ЗОНА

Војо Маневски

„Можат политичарите да конципираат политики и да не ги почитуваат кога не им одговара тоа и да изјавуваат сѐ што во тој момент мислат дека им е корисно, но дојде време кога граѓаните треба да си постават неколку прашања на себе за шините и возовите. Ако нѐ „извозеа“ со возот за социјализмот, па нѐ „иструскаа“ со демократизацијата и приватизацијата, време е да внимаваме и на возот во кој се качуваме и на шините по кои ќе се возиме кон Европа“, пишува Војо Маневски во колумната „Возови и шини“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ