• Latest

Руската пропагандата се шири насекаде, дуел Ковачевски – Мизрахи, Мариупол не се предава

April 28, 2022
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Руската пропагандата се шири насекаде, дуел Ковачевски – Мизрахи, Мариупол не се предава

April 28, 2022 16:13
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Попоска, Бојаровски и Стојановски на панелот „Дезинформациите и пропагандата во медиумите: Влијание на проруските наративи врз евроатлантската ориентација на Северна Македонија“

ЦИВИЛ орджа панел дискусија од серијалот „Зад димната завеса“, на тема Дезинформациите и пропагандата во медиумите: Влијание на проруските наративи врз евроатлантската ориентација на Северна Македонија“.

Учесници на настанот беа проф. Весна Попоска од Универзитетот „Визион“ – Гостивар, Зоран Бојаровски  владин советник за медиумски реформи и Филип Стојановски од Метаморфозис. Модератор на настанот беше Дехран Муратов од ЦИВИЛ.

„Влијанието се прави како што се прави со конвенционалните средства за војна, со ист интензитет се прават и овие хибридни закани во сајбер или на интернет просторот, и, се разбира, целта е да се демотивира, да се предизвика сомнеж во вредностите, во однос на руската федерација и вредностите што таа ги почитува и негува, и тоа особено се однесува на земјите кои се или членки на Европската Унија, или на НАТО сојузот, или земји кои претендираат да бидат членки на овие сојузи кои максимално ги вреднуваат западно европските вредности“, вели Бојаровски.

„Имаме индикации дека дел од партиските структури се создадени и со руско учество, особено во периодот кога режимот на Груевски почна да се ниша, односно кога беше јасно дека не може да се одржи. Почнувајќи од 2015, по бомбите и после ситуацијата со Кумановските настани коишто коинцидираат со посета на тогашниот претседател на нашата држава на Кремљ, на настан кој беше бојкотиран од НАТО, на прославата на Денот на победата врз фашизмот, на 9 мај, заради тогаш почнатата војна против Украина“, истакна Стојановски.

„Ние како академска заедница имаме сериозна одговорност, и граѓанското општество исто така има сериозна одговорност, исто и Владата, во однос на тоа со кого соработува и чии ставови пропагира. Медиумите исто така имаат одговорност на кого даваат простор, затоа што понекогаш, во потрага за сензационализам, канат гости кои не уживаат академски интегритет, но уживаат определени титули постигнати на различен начин, и затоа, одговорноста е споделена“, нагласи Попоска.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

ЕУ мора да дејствува во сопствена корист, во корист на европската идеја која по дефиниција е либерална, отворена, широка. Европската идеја не смее да остане уценета од национализмот. ЕУ не смее да дозволи национализмот да става вето врз слободата, изјави Заев.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинската војска во опколениот град Мариупол ќе се бори се додека треба, иако ситуацијата е тешка, изјави заменик-командантот на Азовскиот полк, капетанот Свјатослав Паламар во интервју за Ројтерс, јавува дописникот на Укринформ.

Градот Херсон во јужниот дел на Украина, за кој Русија тврди дека е под нејзина контрола, ќе премине кон користење на рубљата од 1 мај, објавија руски државни медиуми, пренесува МИА.

Според Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации (ОХЦХР), 2.787 цивили се убиени, а уште 3.152 се повредени во Украина како резултат на целосна руска инвазија.
Како што се вели во извештајот на ОХЦХР, вкупно 2.787 цивили (912 мажи, 611 жени, 61 девојчиња и 74 момчиња, како и 67 деца и 1.062 возрасни чиј пол сè уште не е познат) биле убиени од 4 часот наутро на 24 февруари 2022 година до 24. :00 полноќ на 26 април 2022 година.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОЛИТИКА Ковачевски до Мизрахи: ВМРО-ДПМНЕ е наследник на Ванчо Михајлов, го прифаќа и се гордее со него.

СРЕДБА Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, придружуван од заменик-претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, се сретна со Карен Донфрид помошник државна секретарка на САД за европски и евроазиски прашања, како и со Габриел Ескобар заменик помошник на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан и со американска делегација, придружувана од амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнз, информираат од владината прес служба.

ИНТЕГРАЦИИ Сега е вистинско време ЕУ да го исполни својот дел од задачата и да го деблокира нашиот пристапен процес преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција за време на француското претседателство, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

ПОЛИТИКА Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му предложи на премиерот Димитар Ковачевски заедничка и јавна средба на која ќе разговараат и договорат датум за одржување предвремени парламентарни избори.

ГОВОР НА ОМРАЗА Лидерот на Сојуз на средношколци Лука Павиќевиќ, стана мета на експлицитен говор на омраза и сајбер булинг откако на Тв „Сител” застана против одлуката на СОНК, истакнувајќи дека е нехумано една цела генерација од 18.000 ученици да бидат оставени без можност за нивно усовршување и образование. Веднаш се активираа членовите и симпатизерите на опозицијата, особено на Левица, меѓу кои и секретарот на партијата Јована Мојсоска, која јавно злоупотребува малолетник за политичка пропаганда.

НАТО Столтенберг, заедно со неговата домаќинка, Роберта Мецола, претседателката на Европскиот парламент, пред новинарите порача дека процесот на зачленување на Финска и Шведска ќе оди бргу, доколку овие две земји поднесат апликации.

СЛОБОДНА ЗОНА

Џабир Дерала

„Путин или Делчев? Веројатно, овој дел од обраќањето на Заев ќе „заѕвони“ најшироко во јавноста и ќе ги премости сите разлики, особено политичките. Тоа е разумно прашање што треба секој да си го постави, без оглед на тоа колку сака да остане надвор од политиката. Бидејќи, низ историјата и сегашноста, многупати видовме дека политиката најмногу се занимава токму со оние што „не се занимаваат со политика“.

Изборот е очигледен за сите и без оглед на тоа дали ја поддржуваат власта или опозицијата. Дали се националисти или космополити… Дали се свртени кон Западот или кон Истокот… Изборот е, колку очигледен, толку и неминовен“, пишува Џабир Дерала во ЕДИТОРИЈАЛОТ „За агресија или за европски слободи? Пораката е јасна, изборот е очигледен!“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ