• Latest

Зеленски: Конечно започнавме со евакуација на луѓето од „Азовстал“

May 2, 2022
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски: Конечно започнавме со евакуација на луѓето од „Азовстал“

May 2, 2022 12:23
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

„Денес конечно успеавме да започнеме со евакуација на луѓето од „Азовстал“. По повеќенеделни преговори, по многу обиди, разни средби, луѓе, повици, земји, предлози. Конечно! Немаше ден да не се обидеме да најдеме решение кое ќе го спаси нашиот народ“, изјави Воломир Зеленски, претседател на Украина.

„Денес за прв пат во сите денови од војната почна да работи овој витален коридор. За прв пат во областа имаше два дена прекин на огнот. Успеавме да извадиме повеќе од стотина цивили – пред се жени, деца. Кои избегаа од воените дејствија таму. Токму во „Азовстал“.

Со оглед на сета сложеност на процесот, првите евакуирани ќе пристигнат во Запорижја утре наутро. Дај Боже сето ова да не пропадне! Таму ќе ги пречека нашиот тим. Се надевам дека утре ќе бидат исполнети сите потребни услови за да продолжиме да евакуираме луѓе од Мариупол. Планираме да започнеме во осум часот наутро“, посочи Зеленски.

Украинскиот претседател се заблагодари на сите што учествуваа во подгтовка и спроведување на хуманитарниот коридор, украинската разузнавачка служба и на ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

„Ќе продолжиме да правиме се за да ги евакуираме нашите луѓе од „Азовстал“, воопшто од Мариупол. Организирањето на вакви хуманитарни коридори е еден од елементите на тековниот преговарачки процес. Тој е многу сложен. Но, колку и да беше тешко, повеќе од 350.000 луѓе беа спасени од регионите на воени дејствија“, додаде тој.

Зеленски извести и за разговорот со претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, која заедно со делегација на Конгресот го посети Кијив.

„Со г-ѓа Пелоси имавме четири часа многу суштински преговори, како што се вели повеќеслојни. Конкретно, за набавките на одбраната, макрофинансиската помош, политиката на санкции, политичката соработка со САД“, вели Зеленски.

„Разговаравме за тоа како можеме да ги зајакнеме санкциите против Русија на начин што најефективно ќе ја охрабри да стави крај на војната и да ја ограничи способноста на Русија да ги заобиколи постоечките и идните санкции. Ја почувствував поддршката на нашите иницијативи.

За нејзиниот значаен личен придонес во зајакнувањето на нашата соработка и искреното учество во одбраната на слободата На г-ѓа Пелоси ѝ доделив „Орден на принцезата Олга““, рече Зеленски.

Зеленски се осврна и продолжените напади на Русија, велејќи дека ако има некоја стратешка цел РУсија, тој не ја знае.

„Кој би можел да биде стратешкиот успех на Русија во оваа војна? Искрено – не знам. Уништените животи на луѓето и изгорениот или украден имот на Русија нема ѝ да дадат ништо. Само ќе ја зголеми токсичноста на руската држава и бројот на оние во светот кои ќе работат на изолација на Русија“, смета Зеленски.

„За само 67 дена од војна од големи размери, веќе 143 наши воени лица веќе ја добија титулата Херој на Украина. Повеќе од 10.600 бранители се наградени со државни награди на Украина“, заклучи укранискиот претседател.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ