• Latest

Руски сценарија за Денот на победата над фашизмот: Војна или општа мобилизација?

May 7, 2022
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Руски сценарија за Денот на победата над фашизмот: Војна или општа мобилизација?

May 7, 2022 16:08
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Тивка или јавна мобилизација во Русија на Денот на победата е тема се наметна во јавноста по шпекулациите дека Путин ќе навести на овој ден нов курс на инвазијата во Украина. Руски аналитичари велат дека наративот на Кремљ е дека ова е „војна со целиот свет“, анализа на Роберт Коалсон – Радио Слободна Европа. 

Тоа е глупост, одговори кусо портпаролот на рускиот Кремљ, Дмитриј Песков на две новинарски прашања -Дали рускиот претседател Владимир Путин планира воена мобилизација за време на прославата на Денот на победата на Русија на 9 мај, и дали Путин и официјлано ќе ѝ објави војна на Украина.

Во изминатиов период се појавија низа шпекулации дека Путин би можел да ја искористи многу набиената агенда на церемонијата посветена на советскиот придонес во победата над нацистичка Германија во Втората светска војна за да постави нова насока за руската војна во Украина. Руската инвазија врз Украина влегува во четвртиот месец и очиглено е дека и покрај менувањето на курсот на битките, борбата не оди „глатко“ според планот на стретезите во Кремљ.

Откако руските сили не успеаја да го заземат Киев и да го скршат украинскиот отпор, Кремљ повторно ги фокусираше напорите на обезбедување на целата територија за која превземаат сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина , регионот Донбас и воспоставување копнен мост меѓу тие територии и украинскиот полуостров на Црното Море на Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.

„Мислам дека Путин мора да направи нешто“, рече украинскиот воен аналитичар Михајло Самус, велејќи дека генералите на Путин ветиле во јавноста значаен успех пред празникот на 9 мај.

„Но, во реалноста, тие не постигнаа ништо и нема јасни успеси. Путин може да даде емотивни изјави за војна со Украина или мобилизација, но де факто нема да има никакви промени“, рече Самус.

„Нема да има вистинска објава на војна, што би предизвикало сериозни последици, вклучително и евентуално прогласување воена состојба“.

Делумна мобилизација

Аналитичарот од Тимот за разузнавање на конфликти Руслан Левијев, кој е дел руска група со седиште во Грузија која ја надгледува војската, вели дека Путин веројатно гледа мобилизацијата преку објективот на „политичките последици“.

„Постои сериозен ризик неговата популарност да настрада“, рече Левијев.

Во исто време, како што вели тој, јасно е „дека со сегашните нивоа на сили нема да биде можно ниту да се опкружат украинските сили“, а уште помалку да се постигне декларираната цел за воспоставување контрола над Донбас.

Истражувачот од Московскиот институт за економска политика, Сергеј Жаворонков, изјави дека ефектите од објавата на војна или општа мобилизација може да ја поткопа поддршката за војната.

„Популарноста на војната нагло ќе падне. Едно е да се гледа како забавна компјутерска игра, но друго е кога директно влијае на многу Руси и нивните семејства“, вели тој.

Според Левиев поверојатното сценарио би било делумна мобилизација во некои погранични региони или вклучување на некои неодамна демобилизирани трупи.

„Ако се преземе таква делумна мобилизација, би било реално да се додадат околу 200.000 војници со нивната опрема“, вели Левиев.

Самус понуди слична прогноза, посочувајќи дека не е потребна општа мобилизација за да се соберат 100 до 200 илјади војници во Русија.

„Тоа е голема земја и во репресираните региони има доволно луѓе кои би тргнале да се борат доколку им платите доволно. Мислам дека нема да биде тешко да се најдат тие луѓе со елементарна кампања за регрутирање“, смета Самус.

Обука и униформа

Има знаци дека таква делумна мобилизација веќе е во тек во Русија, рече Владимир Милов, поранешен заменик министер за енергетика, кој сега е водечка опозициска фигура.

„Илјадници луѓе во регионите пишуваат за да прашаат како да избегнат да бидат регрутирани и испратени во Украина. Тие веќе се пријавуваат, секој што може“, изјави Милов за Радио Слободна Европа.

Дописниците на РСЕ потврдија дека неколку канцеларии за регрутирање на северозапад активно бараат отпуштени војници за договорна служба во Украина. Тие се рекламираат, вклучително и на порталот за барање работа superjob.ru, за мажи под 50-годишна возраст со чисти воени досиеја и без кривични пресуди.

„Главната работа е што бевте во војска и носевте оружје“, рече регрутер во Петрозаводск. Регрутер во главниот град на Чеченија, Грозни, за РСЕ изјави дека неговата канцеларија ќе пријави волонтери од кој било регион на Русија и ќе им гарантира обука и опрема.

„Дојди овде, ќе добиеш една недела тренинг и униформа. Првиот месец ќе ви бидат исплатени 300 илјади рубли или 4.600 долари“, му рече регрутерот на дописник на РСЕ додавајќи дека договорите може да бидат кратки и до три месеци.

Рускиот воен аналитичар во Прага Јуриј Фјордов вели дека руските власти треба да најдат луѓе кои неодамна служеле во војска и ги имаат потребните воени профили за да можат да спроведат мобилизација.

„Засега не е јасно дали можат да го соберат потребното количество луѓе за да ги заменат нивните загуби преку реклами за помош“, вели Фјордов.

Наследник на Советската империја

Наместо главните политички најави, Кремљ би можел да го искористи Денот на победата за да ја мобилизира јавната поддршка за војната – играјќи на картата за носталгијата за глобалниот статус во советски стил и поздравувајќи го широко распространето чувство дека Русија е жртва на Западот.

Во своето обраќање на воената парада на Црвениот плоштад или во други јавни коментари поврзани со 9 мај, Путин може да ги повтори своите тврдења дека Русија „се бори против нацизмот“, вели московската политичка аналитичарка Наталија Шавшукова, додавајќи дека Кремљ има „искривено разбирање за нацизмот.“

„Наративот на Кремљ е дека ова е „војна со целиот свет“. Целиот свет е против нас, а ние се бориме за некоја апстрактна правда, за нашето минато и така натаму“, објасни таа.

Истакнатиот руски политички аналитичар Андреј Колесников вели дека Русите живеат лошо, во сиромаштија.

„Тие треба постојано да се хранат со идејата дека „ние градиме светла иднина за нашите деца и само треба да бидеме трпеливи некое време и сè ќе биде подобро. И тие треба да најдат предавници и луѓе што ќе ги обвинат за фактот дека работите им одат лошо. Луѓето разбираат дека нешто не е во ред, а успесите не доаѓаат“, додаде Колесников.

Според него тоа значи дека Кремљ сака да најде други виновници за состојбата.

„И кој е виновен? Петтоколумнисти, платени западни пропагандисти, национални предавници. Како што се влошува позицијата на Владимир Путин, улогата што ја игра потрагата по непријатели во нашиот јавен живот станува се поголема“, вели Колесников.

Шавшукова смета дека владата на Путин е запрена од широко распространета пасивност што таа и другите тврдат дека самиот Кремљ ја негува во руското општество.

„Луѓето се подготвени да пишуваат коментари на социјалните мрежи. Тие се подготвени да дадат тивка согласност. Подготвени се на се што ќе ги остави во мир за да можат да си ја работат својата работа. Ова е консензус на авторитарното општество. Сега Путин се обидува да го трансформира во тоталитарно општество, да го мобилизира“, заклучи таа.

За таа цел, таа вели дека на 9 мај, Путин би можел да направи симболичен гест на Денот на победата, како што е враќање на некои воени транспаренти или амблеми од советската ера со цел обновување на тврдењето дека Русија е директен наследник на Советскиот Сојуз, со претензии за обновување на големата империја во нејзините граници од 1991 година.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ