• Latest

Годишниот извештај за работата на ДКСК пред Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

May 9, 2022
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНТИКОРУПЦИЈА

Годишниот извештај за работата на ДКСК пред Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

May 9, 2022 18:05
in АНТИКОРУПЦИЈА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска расправаа за Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2021 година.

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) Билјана Ивановска го презентира Извештајот и наведе дека во 2021 година имаат нови простории, зголемен број вработени и додаде дека донираната компјутерска опрема од ЕК станала функционална. Посочи дека само 53 отсто од работните места се пополнети.

Информира дека во 2021 година граѓаните продолжиле да пријавуваат незаконитости и нерегуларности во работењето на службените лица или ДКСК примила 720 пријави од граѓани со сомневања за постоење  коруптивно однесување, злоупотреба на јавната функција, постоење судир на итереси и оформи 84 предмети по сопствена иницијатива, а поведе и 710 прекршочни постапки за ненавремено поднесени изјави за имотна состојба и интереси.

-ДКСК донесе 675 одлуки, од кои за корупупција 390, за судир на интереси 152, за непочитување на забраните во текот на изборниот процес 41, од областа на проверка на податоците од анкетните листови 92 и издаде 85 мислења по барање за потенцијален судир на интереси, нагласи Ивановска.

Таа потенцира дека 2021 година не донесе значајни промени во законската регулатива и не ја намали злоупотребата на законските решенија поради непрецизни или нејасни одредби, така што, како што рече, влијанијата по партиски, роднински, пријателски релации и понатаму останаа доминантни во сферата на вработувањата и јавниот сектор.

– И понатаму е присутна злоупотребата на функции, дискрециони овластувања при издавање разни дозволи, одобренија, договори, создавање услови за фаворизирање на компании и сл. Противправното градење на државно и приватно земјиште овозможено со одредбите од законот во областа на урбанизмот, градењето, животната средина, непостапувањето на инспекциските служби и нивниот клиентелизам кон центрите на политичка моќ и бизнис елити не им остава простор на граѓаните дури ни пред судовите да си ги одбранат своите со Устав загарантирани права за еднакви можности при вработување, право на заштита на сопственоста и право на чиста животна средина, потенцира Ивановска.

Во дискусијата се вклучија пратениците Драган Ковачки, Жаклина Лазаревска, Панчо Минов и Љупчо Пренџов, кои дадоа поддршка на работата на ДКСК. Предложија да се прецизираат, да се зголемат надлежностите на ДКСК и да се одобри поголем буџет за оваа институција, како и повеќе вработувања.

Ковачки рече дека е разочаран од бројот на нереализирани активности на ДКСК. Тој ги сумираше податоците презентирани во Извештајот и рече дека  од 111 активности за 2021 година, реализирани се само 22 или околу 20 отсто.

Лазаревска порача дека треба институциите да разберат која е важната улога на оваа комисија заради спречување корупција. Таа смета дека пратениците треба добро да ги прочитаат предложените препораки во Извештајот и да делуваат врз институциите да го прават тоа што се бара од нив. Напомена дека треба да се почитува Уставот, законите и да има еднаков третман за сите.

Ивановска, реплицирајќи им на пратениците, рече дека ги спровеле вработувањата согласно сите законски одредби. – Оваа година се изборивме за 14 нови вработувања, во тек е огласот и уште три успеавме да обезбедиме преку преземања. Целиот мандат го потрошивме на обезбедување услови, обезбедување вработувања, простори, софтвери итн., изјави Ивановска. Додаде дека покрај тоа што обезбедуваат услови за работа, ги работат и предметите. Таа изрази надеж дека откако ќе се инсталира главниот софтвер до крајот на годината тогаш ќе можат да покажат повеќе резултати.

Таа апелираше пратениците секогаш кога ќе дојдат до некакви сознанија да поднеста пријава со сите можни информации и аргументи, да влезе во тековна процедура како предмет.

Расправата за Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2021 година ќе продолжи по паузата, во 15 часот.

MИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ