Откако настапи во големото финале на Евровизија 2022 година, украинскиот етно-фолк бенд Калуш Оркестар го повика целиот свет да им помогне на украинските бранители блокирани во Мариупол.
„Спасете го Мариупол, спасете го Азовстал токму сега! изјави фронтменот Олех Псиук на евровизиската сцена во Торино.
??⚡️ «Save Mariupol, save Azovstal now!» — Олег Псюк з Kalush Orchestra після виступу на Євробаченні-2022 закликав врятувати Маріуполь та Азовсталь pic.twitter.com/qIg2BLLXJr
— Ukrinform (@UKRINFORM) May 14, 2022
Претходно, од бендот Калуш беше побарано да го привлече вниманието на јавноста на Евровизија 2022 за ситуацијата во Мариупол и фабриката Азовстал. Конкретно, такво барање упатија Отај, раперот од Лавов, чиј брат се смета за исчезнат на Азовстал, и пејачката Алина Паш.
Подготви: Д.Мишев