Светлана Харченко е украинска бегалка, нејзиното семејство од Мариупол е однесено во Русија. Заедно со нејзината петгодишна ќерка Кристина, мајката Светлана и мачката по име Софија, таа мораше неколку пати да помине низ „филтрирање“ и испрашувања од специјалните служби – прво на територијата на „ДНР“, а потоа и во Русија. Семејството немало пари за билети, па руските власти најпрво ги однеле во Астрахан, оттаму жените со голема тешкотија тргнале кон Европа. Сега Светлана живее со својата мајка и ќерка во градот Полва во Естонија. Таа раскажа за тоа што им се случило за време на „евакуацијата“ за проектот на Радио Слобода “Новости од Приазовје”.
Пред почетокот на војната во Украина, семејството на Светлана Харченко живеело во областа на левиот брег на Мариупол. Жената вели дека веќе на вториот ден од руската инвазија, попладнето на 25 февруари, руските трупи и сепаратистичките групи на „ДНР“ почнале да ја гранатираат нивната област. Секој ден гранатирањето и бомбардирањето се засилуваа: поради нив, Светлана, нејзината мајка и ќерка мораа 20 дена да седат во ладен, темен и валкан подрум. Жената вели дека петгодишната Кристина плачела и побарала да оди во назад во подрумот кога ја извеле надвор да земе воздух.
Харченко се сеќава дека областа во која живеела брзо била окупирана од војската на „ДНР“, но потоа, според неа, тие биле протерани од Кадировците. Тие бараа украински војници и снајперисти во куќата и ја советувале жената со мало дете да си замине што е можно поскоро.
„Ние ќе срамниме сè со земја. Зошто седиш овде со дете? Оди си! Сакаш да умреш?“ – Светлана ги прераскажува зборовите на руските војници.
Светлана вели дека дефинитивно сакала да биде евакуирана на територијата што ја контролираат украинските власти. Но, патот до таму беше отсечен.
„До самиот крај, сакав да заминам на територијата контролирана од Украина, но живеевме во регионот на левиот брег – оттаму беше невозможно да се стигне на страната на Украина. Треба да поминете низ цел град, беше многу опасно, бидејќи мораше да се помине низ Азовстал. А руската војска постојано упаѓаа во погонот и го бомбардираа“, вели Харченко.
Сепак, по 20 дена во подрумот, семејството беше подготвено да оди каде било, дури и во Русија. Отишле во „воената команда“, што се наоѓала во кафулето „Ивушка“: оттаму жителите на Мариупол биле однесени прво на територијата под контрола на „ДНР“, а потоа во Русија.
„Бевме принудени да врземе бели ленти на ракавите, како да сме за ДНР. Така отидовме до автобусот за евакуација со бели ленти, бидејќи можеа да нè застрелаат по пат“, вели Светлана.
Светлана Харченко со нејзината мајка, ќерка и мачка по име Софија помина три дена во градот Приморски, оттаму беа однесени во окупираниот Доњецк.
На територијата под контрола на проруските сепаратисти жените ги чекаше таканаречената филтрација: претрес на предмети, преглед на телефони и испрашување. За време на „филтрирањето“ безбедносните служби трагаа по украински војници или оние кои се поврзани со украинските власти.
„Нè носат во Министерството за внатрешни работи, ни земаа отпечатоци од сите прсти, не фотографираа. Мајка ми беше многу силно испрашувана, вели Светлана. „Ние како Украинци осум години плаќавме воен допринес од плата. Не прашаа: „Зошто ги плаќавте овие пари? Со тие пари ние бевме гранатирани!“
Во Доњецк, Светлана и нејзиното семејство беа сместени на школски училници. Таму храната, според неа, била неквалитетна, а речиси и да немало медицинска нега за бегалците.
„Моето дете се отру таму. Еднаш ја ставија на инфузија, а потоа рекоа: „Па, вие немате пари – напишете изјава дека одбивате лекување на своја одговорност“, вели Харченко.
Светлана и нејзиното семејство останале во Доњецк 12 дена, а потоа со автобус биле однесени во Русија.
„Нè доведоа на станицата во Таганрог во 11 часот. Тие рекоа: „Еве го вашиот воз за Астрахан. Ако не сакаш, еве ја железничката станица, оди и купи си билети. Каде сакаш оди таму“, вели жената. Семејството немало пари за билети.
„Добив хистерија, почнав да плачам. Што друго да правиме? Се качивме во возот и заминавме за Астрахан. Се возевме со денови“, се сеќава таа.
Во Астрахан, жените повторно беа подложени на „филтрирање“, сега во полиција и таму повторно биле испрашувани.
„Морав да лажам, да се согласам, бидејќи се плашев да ја кажам вистината“, вели Светлана. „ФСБ ни кажа: „Дали Украинците те гранатираа? Ве спасивме, таму бевте угнетувани! Имаме информации дека ви било поделено оружје. Вие сте партизани, дојдовте овде како да сте од подземје“.
„Ние се ќе добиеме, цела Украина“, се сеќава мајката на Светлана на зборовите на еден од офицерите на ФСБ.
Харченко вели дека руските безбедносни сили ги третирале како прекршители на законот.
„Знаете ли како се фотографираат криминалците? Со таблички со бројки. Во Русија исто така бевме фотографирани со таблички со бројки, како криминалци!” рече таа.
Заедно со други бегалци од Украина, семејството живеело еден месец во детски камп во селото Јаксатово во близина на Астрахан. Според зборовите на жените, повеќето нивни сонародници имале проруски ставови, па без двоумење се откажале од украинските пасоши и за возврат добиле статус на бегалци во Русија. Харченко одлучи да не се откаже од пасошот. Веројатно поради ова, жената не добила финансиска помош во износ од 10 илјади рубли по лице (околу 150 долари).
„Тие го земаат пасошот и даваат привремен документ (уверение за бегалец), со кој можеме да работиме во Русија. А без овој сертификат, никаде не можев да се вработам. Се обидов – ми рекоа: „Не“, вели Светлана. „Не знаев од каде можам да најдам пари за да ја напуштам Русија. Излегував секоја вечер и плачев. Не знаев што да правам, како да заминам, бидејќи не сакав да живеам во земја во која сè беше облеано во крв“.
Руски доброволци му помогнаа на семејството на Светлана да си замине, вклучувајќи го и архиепископот на Апостолската православна црква Григориј Михнов-Вајтенко. На жената и испратил 17 илјади рубли за билети до Санкт Петербург. Оттаму семејството било однесено на границата со Естонија. Сега трите жени и нивната мачка се во естонскиот град Пилва.
„Овде е безбедно. Знам дека ова е земја на НАТО, Путин нема да го стави носот овде“, сигурна е Светлана. Таа веќе најде работа во својата специјалност, слаткар, но се уште бара домување. Таа вели дека со дете и мачка тоа е проблем овде.
Светлана вели дека сака да се врати дома, во Мариупол, и покрај тоа што дел од катната зграда во која и бил станот се урнал откако била погодена од граната.
„Душата ме боли. Секаде е добро, но дома е најдобро. Навистина сакам да се вратам во Мариупол. Но, не сакам да се вратам во Мариупол ако е под контрола на ДНР или Русија. Тогаш нема да се вратам во Мариупол. Но ако таму е Украина – ќе се вратам“, вели таа.