„Е.У. се покажа како организација способна да дејствува како обединет фронт и да носи моќни, важни, тешки одлуки за разлика од НАТО“, рече министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во четвртокот вечерта за време на националниот телетон за собирање средства за земјата. „Можете ли да наведете барем една консензусна одлука донесена од НАТО во изминатите три месеци, а која ќе има корист и ќе и помогне на Украина?, објави Њу Јорк Тајмс.
НАТО, со својот договор дека нападот врз еден е напад на сите, е во деликатна позиција во однос на потенцијалната ескалација против Русија, ризик кој вклучува нуклеарна војна. Поединечно, многу земји на НАТО му обезбедија на Киев оружје и ракети.
„Да, точно е дека членовите на алијансата, поединечно или во мали групи, навистина прават одлична и важна работа, обезбедувајќи витална помош“, рече Кулеба.
„Но, НАТО како институција не направи ништо за ова време“, додаде шефот на украинската дипломатија.
Подготви: Д.Мишев