• Latest

Зеленски: Украина ги проширува своите меѓународни врски секоја недела за да добие се што е потребно за да се стави крај на војната што е можно поскоро 

May 23, 2022
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Украина ги проширува своите меѓународни врски секоја недела за да добие се што е потребно за да се стави крај на војната што е можно поскоро 

May 23, 2022 10:03
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Денес беше вистински полски ден. Ми беше драго да му посакам добредојде на претседателот на нашата братска Полска и мојот пријател Анджеј Дуда во Киев,истакна на почетокот на своето видео обрачање до нацијата украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски посочи дека , откако на 3 мај, премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон се обрати на нашата Врховна Рада преку Интернет. И денес – веќе лично – таму беше претседателот на Полска. И, патем, оваа линија на соработка – Украина – Полска, Украина – Британија беше навистина многу ефикасна и останува таква и за време на оваа војна.

Тој истакна дека му е мило што може да забележи дека украинско-полските односи конечно се на целосно чиста, искрена основа, без никакви кавги и старо конфликтно наследство. Ова е достигнување. Историското достигнување на нашите народи. Зеленски рече дека сака братството меѓу Украинците и Полјаците да се зачува засекогаш, и како што им кажал  на пратениците: единството на Украинците и Полјаците, да биде постојана вредност што никој нема да ја наруши.

Зеленски информираше дека потпишал декрет за воведување на нова награда на Украина – да им се заблагодари на градовите од земјите партнери што помогнаа најмногу. И Жешов стана првиот таков град. Градот спасител. Сосема со право.

Тој ја објави и одлуката за подготовката на предлог-законот што ќе биде огледало на законот за нашите граѓани, Украинците, донесен во Полска.

Што е овој закон? Украинските мажи и жени кои привремено престојуваат во Полска бегајќи од војната, де факто и де јуре ги добија истите можности како Полјаците. И ќе биде вистинскиот гест да се донесе таков закон во Украина.  Нека биде така што граѓаните на Полска никогаш нема да мора да користат таков закон. Но, да ја покажеме нашата благодарност и нашата почит, рече Зеленски.

Исто така, тој истакна дека посакува ова да биде дел од новата политика за соседство. Мора да се решат споровите и да се отстрани притисокот од минатото од нашите сегашни односи со сите соседи на Украина кои не почитуваат и не се окупатори на нашата држава.

Зеленски информираше дека е донесена одлука која го револуционизира поредокот на границата. Се воведува заедничка царинска контрола со Полска. Ова значително ќе ги забрза граничните процедури. Тоа ќе ги отстрани повеќето од корупциските ризици. Но, тоа е и почеток на  интеграцијата во заедничкиот царински простор на Европската Унија. Тоа е навистина историски процес.

Секако, јас и Анджеј денеска разговаравме и за одбранбената поддршка за Украина. И за зајакнување на санкциите против Русија. И за чекорите што треба да ги преземеме за да ја постигнеме нашата заедничка цел – полноправно членство на Украина во ЕУ. Благодарен сум на Анджеј и на целиот полски народ што по овој пат одиме што е можно побрзо, истакна Зеленски.

Во обраќањето, Зеленски кажа дека  разговарал со премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон, на кој му кажал за преговорите, за ситуацијата на бојното поле, и дека се бараат начини да се зголеми обемот наукраинскиот извоз, особено земјоделските производи, како и обемот на увоз на гориво во Украина.

Се подготвувам да започнам нова недела на максимална дипломатска активност во интерес на нашата држава, соопшти Зеленски. Во понеделник ќе се приклучам на дискусиите на форумот во Давос. Ова е највлијателната светска економска платформа каде Украина има што да каже,

Зеленски додаде и дека на форумот ќе има и други јавни говори во текот на неделата, вклучително и обраќање до заедницата на Универзитетот Стенфорд. Како и посебен формат на комуникација со политичките и експертските заедници на Индонезија.

 Секако, распоредот вклучува и голем број контакти на билатерално ниво со претставници на различни држави и меѓународни организации. Нашата држава ги проширува своите меѓународни врски секоја недела за да добие се што е потребно за да ја заврши војната што е можно поскоро, истакна украинскиот претседател.

Зелнски соопшти дека ќе има нова средба на претставниците на земјите-партнери – „Рамштајн-2“, ако оваа група  се именува по местото на првата средба во Германија., и со нетрпение очекувае нови корисни одлуки за нашата одбрана.

Зеленски укажа дека  потпишал указ за доделување на нашата војска. На 194 војници на вооружените сили на Украина им беа доделени државни награди. 44 од нив постхумно.

Секој треба секогаш да се сеќава на овие луѓе. Оние кои ги даваат своите животи за Украина, рече Зеленски и додаде. За да можат сите генерации на нашиот народ да живеат слободно и самостојно да изберат со кого да се дружат, кого да почитуваат и кои вредности да им ги пренесат на своите деца.

Подготви: Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ