• Latest
Фото: Дехран Муратов / ЦИВИЛ Медиа

Масакар во училиште во САД, Џафери бара работното време на службата да не е на улица „Македонија“, според ОН, убиени се речиси 4 илјади цивили во Украина

May 25, 2022
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Масакар во училиште во САД, Џафери бара работното време на службата да не е на улица „Македонија“, според ОН, убиени се речиси 4 илјади цивили во Украина

May 25, 2022 16:33
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Фото: Дехран Муратов / ЦИВИЛ Медиа

Фото: Дехран Муратов / ЦИВИЛ Медиа

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

19 ученици и двајца наставници загинаа во пукање во основно училиште во Тексас

Вооружен напаѓач уби најмалку 19 деца и двајца возрасни вчера во основното училиште Роб, во руралната тексашка заедница Увалде, западно од Сан Антонио, соопштија официјални лица, во најсмртоносното пукање во американско училиште по масакрот во основното училиште Сенди Хук пред една деценија, пренесува Њу Јорк Тајмс.

Вооружениот напаѓач, кого властите го идентификуваа како 18-годишен маж кој одел во блиското средно училиште, бил вооружен со неколку оружја, соопштија официјални лица, додавајќи дека тој починал на местото на настанот. Засега не е јасно дали пукањето се случило во една или неколку училници. Официјалните лица не ги објавија имињата или возраста на убиените ученици и возрасни.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека не чувствува потреба да им се извини на службениците за кажаните зборови што се слушаат на неодамна објавената аудио снимка, пренесува МИА.

-Јас немам објаснување за тоа, во смисла на објаснување. Јас сум претседател на Собранието и со Деловникот на Собранието е пропишана мојата надлежност. Меѓу другите надлежности е да ја следам работата на службата. Покрај тоа треба да создадам услови и предуслови за работа на службата. Ако некој мисли дека службата треба работното време да го помине на улица „Македонија“ претпоствувам дека граѓаните не посакуваат таква служба, ниту во Собранието, ниту во која било институција, рече Џафери на денешната средба со медиумите.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Од почетокот на руската инвазија на Украина, до 24 мај 2022 година, 234 деца загинале, а повеќе од 433 деца се повредени. Нови факти за силување и други форми на сексуално насилство од страна на руските војници против станаа жителите на окупираните територии, вклучувајќи го и регионот Керсон познат. Релевантните информации ги објави Комесарката за човекови права од Врховната Рада, Лиудмила Денисова.

*

Благодарен сум на сите партнери на Украина кои помагаат. Но, нагласувам повторно и повторно: колку подолго трае оваа војна, толку поголема ќе биде цената на заштитата на слободата не само за Украина, туку и за целиот слободен свет. Затоа, испораката на тешко оружје за Украина – MLRS, тенкови, противбродско и друго оружје – е најдобрата инвестиција за одржување на стабилноста во светот и спречување на многу тешки кризи кои Русија сè уште ги планира или веќе ги испровоцира, рече Зеленски во синоќешното видео обраќање.

ФЛЕШ ВЕСТИ

МПЦ Премиерот Димитар Ковачевски оствари средба со поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот охридски и македонски Г.Г. Стефан, по повод одлуката за стекнување автокефален статус со кој МПЦ-ОА се прифаќа како еднаква со другите сестрински цркви во православната заедница, информираат од владината прес служба.

ПОДДРШКА Претседателот Пендаровски, во разговорот со Кулеба ја реафирмирал целосната поддршка за Украина и украинскиот народ, посочувајќи дека Северна Македонија како членка на НАТО, во рамки на можностите ќе продолжи да пружа воена, хуманитарна и дипломатска помош на Украина со крајна цел прекин на воената агресија, одбрана на демократските вредности и воспоставување на мир.

СРЕДБА Претставници на Шведска и Финска денеска се среќаваат со претставници на турските власти за да разговараат за нивните барања за влез во НАТО.

ЦЕНЗУРА Рускиот Парламент (Дума) вчера го усвои законот со кој обвинителите се овластуваат да затвораат странски медиуми во Москва, доколку се медиуми што доаѓаат од земја која била „непријателска“ кон руските медиуми, откако на некои руски државни медиуми им беше забрането да делуваат во земјите од Западот.

ИНТЕГРАЦИИ Во обраќање на отворањето на панел дискусијата „Патот до Брисел“, што е воведен настан на овогодишниот Преспа форум за дијалог, што од 16 до 18 јуни ќе се одржи во Охрид, Османи истакна дека ширењето на трансатлантскиот и западниот поредок заснован на вредности и принципи е во интерес како, на земјите аспирантки за членство, така и на државите членки, но и во интерес на глобалниот мир и соработка.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ организира онлајн настан на тема „Циркуларна економија: Потенцијали и предизвици за идните генерации“ на 26 мај 2022 година, со почеток во 12 часот. На настанот ќе говорат лидерката на ДОМ, Маја Морачанин, претставничката на експертската заедница, д-р Ивана Лозановска и претседателот на Цивил, Џабир Дерала.

Што е циркуларна економија, колку е применлива во националните и локалните економии, особено ако се работи за сиромашни земји, колку е можна во контекст на руската агресија врз Украина и други економски, воени, политички и други услови – се само дел од прашањата поврзани со оваа тема, велат организаторите на настанот што е дел од Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан која се одржува од 23 до 27 мај низ целиот регион на Западен Балкан.

СЛОБОДНА ЗОНА

Добро утро со Орданоски

Полека, но сигурно, кога е Балканот во прашање, Софија го презема неславниот примат од Белград – што е друга, но динамично променлива и, види чудо, накај можна позитивна приказна во прашање – за компликување на балканската европска интеграција. Заглавени во своите националистички, повремено шовинистички, проруски внатрешно-политички конвулзии, Бугарите пропуштаат важна историска можност конечно да се етаблираат во конструктивен фактор на Балканот во рамките на американските „национални интереси“. Со „проектот Петков“ им се пружи прилика на цивилизиран начин и со „спасен образ“ да ги нормализираат односите со Македонија и своерачно да го откочат понатамошното регионално евро-интегрирање. Наместо да ја видат и добро да ја проценат „пошироката слика“, тие будалесто, со грамажата на интелигенцијата на Каракачанов, прво го елиминираа Заев (и Димитров) од македонската политика, а потоа одбраа да го слават Ванчо Михајлов во Битола. И, најверојатно, бидејќи самите се „забојадисаа“ во аголот, се доведоа во ситуација да го повторат евро-ветото за Македонија во јуни, пишува Сашо Орданоски во колумната „Нокдаун за шовинистичката политика на Софија кон Македонија“.

Војо Маневски

Што е според моето ќоше на гледање заклучокот за нас. Бугарија е сериозна држава со свое место  на меѓународната сцена. Бугарија си го знае своето место и не презема многу ризични чекори. Таа е член на ЕУ а член е и Грција. Зошто тогаш две европски држави  не можат да се договорат не пример да се направи спомен куќа на Гоце Делчев во Кукуш или во Баница да се направи меморијал, кога за Бугарија Гоце е толку важен? Такви иницијативи Бугарија не поттикнува зошто си го знае своето место во распоредот на силите и преземените обврски, пишува Војо Маневски во колумнта „Од мое ќоше“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ