Што е циркуларна економија, колку е применлива во националните и локалните економии, особено ако се работи за сиромашни земји, колку е можна во контекст на руската агресија врз Украина и други економски, воени, политички и други услови се дел од прашањата на кои разговараа учесниците на настанот на тема „Циркуларна економија: Потенцијали и предизвици за идните генерации“, лидерката на ДОМ, Маја Морачанин, претставничката на експертската заедница, д-р Ивана Лозановска и претседателот на Цивил, Џабир Дерала. Модераторка на настанот беше Биљана Јордановска – ЦИВИЛ.
Настанот беше дел од Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан која се одржува од 23 до 27 мај низ целиот регион на Западен Балкан.
Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан е првата регионална иницијатива која обединува различни актери низ Западен Балкан. Фокусот на оваа иницијатива е на циркуларната економија и одржливиот развој и е организирана од членовите на заедницата LogEx од целиот регион, по иницијатива на организацијата Балкански форум од Косово.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Собранието функционира, но отежнато поради активната блокада на опозицијата, вели за ЦИВИЛ Медиа, пратеничката и лидерка на ДОМ, Маја Морачанин. Таа додава дека ваквите блокади не се нешто ново, туку веќе видена стратегија на опозицијата.
„Јас сум поротив блокади особено во една ваква глобална економска криза, кога имаме војна во Украина. Ваквото однесување на опозицијата сметам дека е неодговорно, бидејќи граѓаните бараат од нас одговорност и посветеност во решавање на нивните проблеми. Без разлика дали сме од мнозинството или од опозицијата, граѓаните нè бирале и очекуваат од нас да ги решаваме нивните проблеми“, нагласи Морачанин.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Руските агресори поставија 12 големи ТВ екрани на улиците во заземениот град Мариупол за да емитуваат руска пропаганда, објави советникот на градоначалникот на Мариупол, Петро Андриушченко на Телеграма, јавува дописникот на Укринформ.
*
За да помогне да се обезбеди одговорност за злосторствата извршени во Украина, Европскиот совет во четвртокот усвои нови правила со кои ѝ дозволуваат на Еуроправда да зачува, анализира и складира докази во врска со основните меѓународни злосторства, вклучително и воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид, соопшти прес-службата на Европскиот совет, пренесува Укринформ.
*
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија чека Украина да ги прифати барањата за мировни преговори, пренесува МИА.
*
„Оние кои ја советуваат Украина да и отстапи територија на Русија не сакаат да ги видат обичните Украинци кои живеат таму“, истакна преседателот на Украина, Володимир Зеленски.
*
Војните се непредвидливи, така што никој не може да каже кога и како ќе заврши руската војна против Украина, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој разговараше за европските медиуми, пренесува Укринформ.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ИНТЕРПЕЛАЦИЈА Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе поднесат интерпелација на претседателот на Собранието Талат Џафери, најави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
ПОЛИТИКА Вие бегате од прашање, а не јас од одговор, затоа што наместо вие да му го поставите прашањето на претседателот на Собранието, ми го поставувате мене, а јас не сум негов портпарол, рече премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на пратеничко прашање од Драган Ковачки, пренесува МИА.
ИНТЕГРАЦИИ Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето во „Клик плус“ изјави дека постои внимание и интерес од страна на Франција како претседавач, но и желба, во овој сензитивен момент, да се даде шанса и да се помогне во процесот на разговори со Бугарија, информираат од СЕП.
Доколку Бугарија не даде зелено светло за почеток на преговорите за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија, тоа ќе резултира со забавување на развојот на регионот, што во никој случај нема да биде од полза за меѓународниот имиџ на Софија, оцени изјави бугарскиот европратеник Илхан Ќучук на конференцијата „Либералите за иднината на Европа – Од конференција до европски реформи“ што се одржа во бугарскиот главен град, пренесува МИА.
САД Американскиот претседателот Џо Бајден ја објави својата намера да номинира шестмина нови амбасадори на САД, меѓу кои и Анџела Прајс Агелер, како кандидат за вонреден и ополномоштен амбасадор во Република Северна Македонија, соопшти синоќа Белата куќа, пренесува МИА.
ПРАВДА Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста за разрешувањето на Фадил Зендели.
СЛОБОДНА ЗОНА

Има многумина кои веруваат дека светот беше поубаво место за живеење кога си беше поделен на демократија и недемократија и кога се знаеја границите на тоа на кој светски центар „му припаѓаат“. Што има таму некакви 45 милиони Украинци да имаат различен став за сопствената судбина од три пати побројните 135 милиони Руси? Ќути и живеј!
Па, не е јасно и што сме запнале ние со Бугариве, кога се три-четири пати поголеми од нас?! Пак ли ќе се грееме на дрва зимово? И што е слободата, ако треба стомаците да ни се празни?! Запнале сите да имаат свои држави. ‘Бати демократијата ‘бати…, пишува Сашо Орданоски во колумната (објавена на 23 мај 2022) „Заедничката цена за украинската слобода“.
Д. Муратов












