• Latest

Буга на донаторска акција за бегалците од Украина: Вие сте мала земја, но имате големи срца, вистинските пријатели се познаваат во овие тешки времиња

May 29, 2022

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Буга на донаторска акција за бегалците од Украина: Вие сте мала земја, но имате големи срца, вистинските пријатели се познаваат во овие тешки времиња

May 29, 2022 13:49
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во МОШ Бар во Скопје денеска се одржa прес-конференција на која беа соопштени резултатите од донаторската акција за собирање помош за украинските бегалци во земјава.

На прес-конференцијата денеска се обратија главниот иницијатор на оваа акција, заменик-народен правобранител Јован Андоновски, заедно со Роман Буга, заменик-амбасадорот на Украина во Скопје и Александар Урбанович, Претседател на здружението на Украинци во Македонија – „Лесја Украинка“.

Андоновски како повод за организирање на хуманитарната акција ги посочи проблемите со кои се соочуваат украинските бегалци кои престојуваат во замјава, како и потребата преку личен пример да им се помогне на лицата во невоља и кои се буквално дојдени  во земјава со само една торба лични работи.

Андоновски изрази благодарност до сите лица и компании кои излегоа во пресрет, и изрази надеж дека ваквите акции ќе продолжат во иднина, меѓутоа, истакна дека тоа е само една капка во морето, бидејќи проблемите на овие лица се далеку посериозни.

На пресот се обратија и Роман Буга, заменик-амбасадорот на Украина во Скопје како и Александар Урбанович, Претседател на здружението на Украинци во Македонија – „Лесја Украинка“, кои се заблагодарија на организаторите на оваа акција, како и на поддршката која Украина ја добива од нашата земја во ова тешко време, кога поради војната, надвор од границите на Украина престојуваат повеќе од 4 милиони Украинци.

„Многу сме среќни што луѓето од вашата земја даваат силна поддршка на нашата земја, на нашите Украинци, во ова тешко време во кое веќе четврти месец во Украина владее страшна војна. Многу луѓе ги напуштија своите домови, својата земја, за сите нив е потребна голема поддршка како материјална така и морална. Сите видови на поддршка се добредојдени затоа сме ви благодарни на сите вам. Велите дека сте мала земја, но ние секојпат одговараме дека имате големи срца и токму оваа ситуација покажува дека вистинските пријатели се гледаат во тешки времиња и јас се надевам дека оваа акција како дел од целосната поддршка на Украинците сместени во Северна Македонија ќе биде продолжена“, рече Буга и уште еднаш се заблагодари за огромната поддршка.

Урбанович посочи дека војната уште трае, и дека сеуште им е потребна помош, и секој кој може да помогне , тоа може да го стори во хуманитарните магацини на Здружението кои се отворени во магацините на Горска во Ѓорче Петров.

„Сакам да се заблагодарам на господинот Јован Андоновски за организирањето на овој настан и, пред сѐ, сакам да кажам дека уште на самиот почеток на војната во Украина почувствуваме голема поддршка од Македонија и со таа поддршка заедно со Амбасадата успеавме во Украина да испратиме 14 камиони хуманитарна помош. Со овој настан ќе помогнеме на одреден дел од луѓето што се тука во Македонија, можеби нешто ќе се прати и за Украина и со тоа ние ќе имаме можност да им помагаме на оние кои секојдневно се под стрес од оваа војна. Ви благодарам, војната уште трае и уште ни треба вашата помош секој кој може да помогне да го стори тоа, магацинот на Горска во Ѓорче Петров е отворен секојдневно и помош може да се донесе во кое било време. Помошта во првата прилика ќе биде или испратена во Украина или споделена тука меѓу Украинците на кои им е потребна, вели Олександар Урбановиќ од Здружението на Украинците во Северна Македонија.

На пунктот за донации отворен во МОШ (Центар), во изминатите три дена беа собрани детска и облека за возрасни, храна и сл., а во склоп на хуманитарната забава, одржана во петокот, беа собрани и парични средства. Целиот фонд ѝ е доделен на Амбасадата на Украина во Скопје, што потоа ќе биде распределен на бегалците кои се наоѓаат на македонска територија.

Хуманитарната акција „Денови на хуманост“ беше во организација на Јован Андоновски, заменик-народен правобранител и МОШ (MOSH Bar) во Скопје, со поддршка на Амбасадата на Украина во Скопје.

Д. Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ