Украинскиот бенд Калуш Оркестар, победниците на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, го продаде својот трофеј од Евровизија на хуманитарна аукција за 900.000 долари и со парите ќе купи три беспилотни летала за украинските вооружени сили, соопшти бендот на својата Фејсбук страница.
„Пријатели, вие сте неверојатни! Благодарни сме на секој од вас што донираа пари на оваа аукција, а особено на тимот на Whitebit кој го купи трофејот за 900.000 долари и сега станаа сопственици на нашиот трофеј. Претплатете се на нив, тие навистина заслужуваат Слава на Украина! Слава на вооружените сили на Украина“, се вели во објавата.
Калуш Оркестар сакаше да го продаде својот трофеј на Евровизија за 1 милион евра и да ги искористи средствата за да купи комплет од три PD-2 беспилотни летала.
Д.Мишев