Граѓан(к)ите на Штип не им веруваат на медиумите и политичарите, бидејќи според нив, постојано шират лажни вести, пропаганда и дезинформации.
„Релативно им верувам на медиумите, бидејќи во последно време се шират многу лажни вести за Русија, вели еден граѓанин на Штип“, на прашањето на ЦИВИЛ Медиа – Дали им верувате на медиумите, и може ли да препознаете лажна вест, дезинформација или пропаганда?
Една граѓанка истакна дека информациите ги прифаќа со доза на претпазливост и смета дека медиумите треба да објавуваат повесели теми, а не само информации за војни, убиства итн.
Штипјани сметаат дека креатори на лажни вести најмногу се политичарите, а медиумите се под нивна контрола.
Мартина Ацковска
текст, камера и монтажа: Дехран Муратов